Има кој одлучил за Божиќните празници наместо на Малдиви или на снегот на Алпите, да биде си подари едно ново искуство. Од оние искуства кои не се за раскажување на внуците во иднина, туку само пред другарите на пиво со прашањето: „Знаеш кога ме притворија еднаш“? На Божиќ.
За кратко време од една на друга страна на светот: Бразил, Индија, Холандија. Пет фудбалери завршија зад решетки. Да не е нова мода меѓу фудбалерите?
Во Бразил, Фабио Билика поранешниот бек на Палермо, Бреша, Анкона и Венеција само што настапил на некој добротворен натпревар во регионот Параиба, го уапсиле полицајци затоа што не платил алиментација за едно од децата. Со новчаникот во рака, платил околу 3.700 евра за да го ослободат после цела ноќ во затвор.
Во исто време неговиот попознат сонародник, Елано кој играше за Манчестер Сити и има преку 55 настапи за Бразил, ќе ја памети оваа година по тоа што видел како е во затвор. Откако ја освоил титулата заедно со Матераци во индискиот клуб Ченаин во финалето против Гоа, еден противнички член на управата го пријавил Бразилецот за физички напад. Откако го притвориле, Елано платил кауција за да излезе, но ќе мора да се појави на суд во Маргао.
Ништо помалку весело не им било ни на тројца фудбалери од најдобрата холандска лига. Најпрвин во Европа се прошири веста за апсење на двајца првотимци на ПСВ Ајндховен, Жероен Ѕот и Белгиецот Максим Лестиен (екс Џенова). Од непознати причини се расправале со полиција и нападнале еден полицаец кој бил на служба, по што додека се разбрале кои се и што се ги фрлиле во притвор.
Во исто време, Кени Тете бекот на Ајакс се објаснувал со некој полицаец во Амстердам. Се обидел да го имитира тренерот на Болтон и поранешен менаџер на Селтик, Северно-Ирецот Нил Ленон кој ѝ се заканувал со нож под вратот на љубовницата за што го притворуваа.
Лисици на рацете доби и Винченцо Јакинта, кој е вмешан индиректно во криминал на некоја група во Италија.