Колку чинат предметите од култниот филм Роки

Силвестер Сталоне ставил на добротворна аукција повеќе од 1.400 предмети од своите филмови, меѓу кои и неколку култни спортски предмети од улогата Роки Балбоа.

Некои реквизити веќе најдоа нови сопственици:

 Црните ракавици од Роки и топчето од Роки 2 се продадени за 32.500 долари:

Црната кожна јакна на Балбоа е продадена за 149.000 долари:

Јакната со тигар од Роки 2 е продадена за 42.500 долари:

Легендарните шорцеви со ѕвезди од Роки 4 се продадени за неверојатни 51.250 долари:

Патриотскиот костум Аполо Крид доби нов газда за 43.750 долари:

Поставата на Иван Драго може да ја имате за 45.000 долари:

Надгробната плоча на Едриан Балбоа ја купил некој за 4.000 долари:

Скокалката од легендарниот Роки 2 е продадена на аукција за 7.500 долари:

На аукцијата бил ставен и оригиналниот шампионски прстен од НБА 2002. година кој Шекил О'Нил му го подарил на Силвестер Сталоне. На аукцијата достигнал цена од 22.500 долари:

Шампионскиот појас и ракавиците од Роки 2 не се продавале на аукцијата. Тие биле резервирани за неверојатни 200.000 долари:

Податоците се од Твитер профилот на Араш Маркази.

24 декември 2015 - 10:33