Сторијата од Англија се сели во Норвешка каде анонимен постар човек на 18 август се обложил дека тимот кој минатата сезона заврши 14-ти во Премиер лигата, оваа сезона ќе биде лидер за католичкиот Божиќ.
Човекот веќе беше на исплата бидејќи Лестер изминатово коло го победи Евертон на гости и остана прв на табелата со 2 бода повеќе од Арсенал. Обложувачот ставил 500 норвешки круни или 52 евра, а и доби 250.000 круни (околу 26.000 евра).
„Видов дека кладилницата имаше промоција, па си реков да ја најдам највисоката квота. Овој тим не заврши ниту во првите 6 екипи минатата сезона и беше кандидат за испаѓање. Си помислив дека сега ќе направат бум“, рекол среќникот.
Инаку навивачот на Лестер за кој пишувавме дека со 5 фунти чека 5.000 за истиот тикет, пред стартот на Премиер лигата уплатил уште еден тикет. Ако Лестер стане шампион во Премиер лигата, ќе добие 33.000 фунти. Има и план за парите. Ако ги добие ќе го носи семејството во Дизниленд на Флорида.