Навивач на најголемото изненадување во фудбалска Европа на 15-ти август пред самиот почеток на Премиер лигата решил да стави 5 фунти (419 денари) дека Лестер ќе биде прв во Англија за Божиќ. Коефицентот бил 1.000, така што сега човеков 90 минути го делат од 5.000 фунти или 419.830 денари.
Лисиците во моментов им бегаат на Тобџиите 2 бода, така што за човеков да стане махер потребно е Лестер или да победи или да се надева дека Сити ќе слави во Лондон. Во случај Лестер да загуби, нему му одговара реми на Емирати.