Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Фудбалот во 2015-та

Доминацијата на Барселона, сензацијата на Работнички, мизеријата на Македонија, кам бекот на Пандев па се до падот на Блатер и Платини. Листата на важни фудбалски возбудувања кои ги следевме во изминативе 12 месеци е долга. Ја сумиравме во 20 точки.

Што му пренесе Раниери на Лестер?

„Најдоброто од италијанскиот фудбал: Тактиката и организацијата“, вели Паоло Ди Канио, кој тврди дека Сити ќе го освои шампионатот по инерција, а има што да каже и за Ван Гал.

Тимот на Источна Германија што одби да умре

Пред 25 години, во 1990-та, Германија се обедини повторно и државата Источна Германија заминуваше во историјата, но не и фудбалерите на оваа земја на кој им остана дуелот со Белгија во Брисел.

Капело: Роналдо беше дебел и лош лидер

Италијанскиот стратег се навраќа на времето кога го имаше бразилскиот напаѓач на Сантијаго Бернабеу. За него издвојува две сосема дијаметрални карактеристики.

Хенрих величествениот

Неговиот пат лесно може да се каже дека бил трнлив. По раната смрт на татко му Хамлет кој бил познат фудбалер, Хенри ветил самиот на себе дека ќе го продолжи неговото дело.

Маалски слободен удар со петица

Еден куп разни шеми се изнагледавме кога фудбалерите се местат директно да бијат во гол. Ама ова ем е дете, ем не делува дека е професинален фудбалер, а го изведе ова кое 10 пати го пуштивме на рипит.

Типстерите растурија на Арсенал - Манчестер Сити

Само на дербито на колото во Премиер лигата Типстерите остварија профит од 6.475 кредити. За четири дена ќе дознаеме кои тројца ќе добијат таблет, топка и пиво. Тесно е на табела.

Тренер на Барса не дозволил групна фотографија со Раул

Дневникот АС и радио станицата Кадена СЕР, кои известуваат од турнирот за У-12 во Мајами јавија дека Раул им предложил заедничка фотографија на Каталонците, но го одбиле. Набрзо излезе и видео.

Најдобрите 10 нокаути на годината

Не е за деца со пуканки пред телевизорот, затоа што во секој момент некој од тешкашите на мечот може да се струполи со лице на рингот, нокаутиран од противникот, момент за боксерските гурмани.

Тикетот на Мирјана

Оскар промаши пенал за Челси против Ватфорд во 80 минута на 2:2 и ни ја скрати можноста да се израдуваме на првиот добитен тикет на Мирјана. Одиме со нови нејзини предлози.

Очајните бројки го прават Ван Гал полош и од Мојс

Манчестер Јунајтед го доживеа и четвртиот пораз по ред, очајна серија која не се случи ниту со Дејвид Мојс. Ван Гал е пред отказ.

Твит на денот

Изворите на твитерџијава пред 6 дена му кажале дека Манчестер Јунајтед ќе загуби од Стоук со 2:0, головите ќе ги постигнат Кркиќ и Арнаутовиќ, а Луи ван Гал следниот ден ќе биде отпуштен. Останува да видиме дали ќе се случи уште последното.

Тикетот на Мирјана

Минатото коло само поради Реал Овиедо тикетот на Мирјана остана недобитен. Ова се денешните пет нејзини предлози.

Историјата на божиќниот фудбал

Алфредо Ди Стефано на Божиќ му дал 4 гола на Партизан, Барселона славела 6:2 против Копенхаген, а Франција не можела да ја победи Белгија. Најинтересното лежи во Англија каде за време на еден божиќен ден густ со магла, голманот останал да брани, а сите други си заминале од стадион.

Кој и како ја создал маскотата на Арсенал?

Необична приказна за дечкото што ја смислил една од најсаканите и најзабавните маскоти во англискиот и воопшто европскиот фудбал.

Најпознати фудбалери со ромско потекло

За Хаџи, Ливерани, Лакатуш, Асењо и Хесус Навас сме слушнале дека имаат ромско потекло, но не и за Неста, Лука, Жињак, Пирло, Гуиза и Кипријан Марика. Овие играчи комотно би играле завршница на Светско првенство со ромска репрезентација.

Навивачка страст за хокеј

Амбри е швајцарски клуб кој никогаш не ја освоил националната швајцарска лига, но никогаш и не испаднал откако таму се натпреварува во 1985 година. Тоа е најкусо инфо за клубот, него пазете им ги навивачите.

Тимот од 146 милиони евра кој разочара

Италијанците веќе ги сумираа впечатоците од првиот дел од сезоната во Серија А и ги издвоија најзвучните имиња од кои се очекуваше повеќе. Составија тим со формација 3-4-3, каде доминира Рома со тројца играчи и тренерот.

Девојката што му ја сместија на Шчесни

По фотографиите на кои голманот на Рома се појави со девојка која носи идиотски фустан, сите помислија дека таа му е партнерка, на што Полјакот напиша дека е цреп секој што помислил дека тој може да стартува ТАКВО нешто.

Стивен Џерард гаѓа гулаб

Во паузата од тренинзите со Ливерпул, Стиви Џи решава да поигра со момците од Ф2Фристајлерс кои за таа прилика му пуштаа глинени гулаби за овој да ги погоди со топка од голема далечина.

Перо Антиќ - кошаркар од раѓање

За каналот на Евролига, Перо Антиќ открива дека татко му Зоран е најзаслужен за тоа што почнал да се интересира за кошарката како спорт. Антиќ раскажува и за првите почетоци во кариерата.