- Манчестер Јунајтед првпат во историјата не постигна гол против Стоук.
- Поради очајната форма, Јунајтед првпат во клупската историја не постигна гол на Боксинг деј во Премиер лигата.
- Црвените ѓаволи за првпат после 13 години губат на Божиќното коло во првенството. Последен пат на Боксинг деј загубија во 2002. година од Мидлзбору (1-3).
- Сегашното бодовно салдо на Манчестер под водство на Ван Гал е полошо дури и од она на Мојс. Со Шкотланѓанецот, тимот од Трафорд на 26. декември имаше 31 бод, а Холанѓанецот мизерни 29 бода после 18 кола.
- 29 бодови после 18 кола е најслабиот резултат на Манчестер Јунајтед во историјата.
- Катастрофалната одбрана на Јунајтед прими по 2 гола на три натпревари во Премиер лигата, што не се случило од 2002. година.
- Манчестер Јунајтед не загубил 4 натпревари по ред цели 54 години, односно од 1961. година. Да простите, тогаш Сер Алекс Фергсусон бил фудбалер на Сент Џонсон.
- Ситуацијата во Манчестер е толку мизерна, што реномираната британска обложувалница Педи Пауер ставил низок коефицент за отказот на Луј Ван Гал.
Головите од мечот Стоук - Манчестер Јунајтед 2:0;