Позицијата и локациите не се земени меѓу критериумите во изборот за најдобри 10 нокаути. Тие се релативни и се гледа само важноста на борбата, нивото на противникот и убавината на нокаутот.
10. Рандал Бејли - Шусаку Фуџинака
Боксерксата публика го памети Рандал Бејли, како боксер кој пред 10 години се бореше со Мигел Кото. Поранешниот светски шампион на 41 година уште не го загубил својот директ, со кој го патосираше јапонскиот боксер. Ветеранот имаше 39 победи со нокаут на 46 борби.
9. Јенифел Висенте - Хуан Домингес
Секогаш е тешко кога боксер ќе ја загуби титулата, особено е тешко ако од појасот се одвои со носилки. Не му беше прв нокаут, ниту последен, но Домингес долго ќе го памети.
8. Амир Имам - Фернандо Ангуло
Американецот со типични иницијали систематски ги победуваше сите борци со добро си-ви и така стигна до статусот ѕвезда. Ангуло имаше 9 порази пред мечот со Имам и во ринг го фрлија како жртвено јагне. Сепак борбата беше чиста и отворена се до четвртата рунда. Менаџерот на Имам зборуваше дека тој може да биде наследник на Флојд Мејведер, но 4 месеци по борбата со Ангуло загуби од анонимен Мексиканец.
7. Артур Бетербиев - Габриел Кампиљо
Боксерите знаат дека е тешко да го докрајчите противникот во моментот кога паѓа. Артур во холивудски стил му зададе удар на Кампиљо при падот на вториов. Габриел ја заврши кариерата по овој нокаут, прв во првата рунда.
6. Мајрис Бриедис - Мануел Чар
Кога боксер од 100 килограми паѓа како дрво - тоа е возбудлива глетка, без оглед на способностите и рангирањето. Мануел Чар минатата година падна за 10 места, а годинава ќе ја заврши како шести.
5. Еркан Тепер - Дејвид Прајс
Неодамна се дозна дека турскиот боксер паднал на допинг после борбата со Прајс, така што резултатот беше поништен. Прајс немаше многу среќа со противниците, затоа што и после реваншот со Тони Томпсон се испостави дека овој бил допингуван. Наместо три порази, на Прајс му се брои само еден, но брадата го памети нокаутот.
4. Такаши Миура - Били Диб
Јапонецот го запиша своето име во 2015. година на 4. место. Били Диб после три порази, реши да направи уште еден обид да го освои појасот, но...
3. Енцо Макаринели - Рој Џонс
Болно, но ефектно. Без коментар.
2. Ентони Џошуа - Дилиан Вајт
Борба на два различни света, личен анимозитет и време за наплата на стари долгови. Тензијата беше толку голема што често боксуваа и после гонгот, а самите судии подоцна признаа дека малку фалело да влезат и двата тима во ринг да се истепаат. По ваквиот исход со нетрпение се чека нивниот дуел во 2016. година.
1. Канело Алварез - Џејмс Киркланд
Во мај беше јасно дека ова беше фаворит за нокаут на годината. Алварез брзаше да го зададе конечниот удар. Во еден момент го нокаутираше Киркланд и со крв на ракавиците триумфално го прослави момент за филмска сцена.