Тренер на Барса не дозволил групна фотографија со Раул

Дневникот АС и радио станицата Кадена СЕР, кои известуваат од турнирот за У-12 во Мајами јавија дека Раул им предложил заедничка фотографија на Каталонците, но го одбиле. Набрзо излезе и видео.

Мајами е домаќин на турнирот Ла Лига Промисес, едно од најсилните натпреварувања на светот за најмладите категории (петлиња) на кој учествуваат У-12 тимови од целиот свет.
 
За викендот, играчите се подготвуваа за турнирот, а организаторот го повикал легендарниот Раул да учествува на настанот. Разговорот на тренерите на пионерите на Барса со Раул делуваат пријатно, сè до моментот кога некогашниот капитен на кралскиот клуб им нуди да направат заедничка фотографија.
 
Новинарите на мадридските медиуми кои како и оние ривалските од Каталонија едвај чекаат да има нешто вакво, направија скандал од целиот настан. Ас и радиото Кадена СЕР објавија како на Флорида се случил голем скандал, откако Раул предложува една групна фотографија со децата на Барса, а тренерот Марио Руиз одговара: „Не не, си одиме, децата се уморни“.
 
 
Каталонците, како и секој клуб имаат строги правила и кодекс на однесување според кој членовите на овој гигант немаат многу право да разговараат и да се фотографираат со новинари или навивачи. Но во случајов, Раул е легенда со која секој би сакал да има фотографија за спомен, пишува АС. Шпанците на Твитер веднаш објавија фотографии на кои се гледа како Раул позира со децата на Атлетико Мадрид, клуб во кој Гонзалес фудбалски израсна. Јорганџиите се сликаа со него без никаков проблем.
 

На крајот целата приказна завршува така што, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас се јавува кај експедицијата на Барселона во Мајами, по што дошло до заедничка фотографија меѓу децата на Барса и Раул.
 

28 декември 2015 - 09:54