Фабио Капело го тренираше Роналдо во првиот дел од сезоната 2006/2007, кога направи кам бек во Мадрид 10 години по освојувањето на титулата во Ла Лига.
Го пушти на седум натпревари во првенството и четири во Лига на шампиони, но никогаш не го остави 90 минути во игра. Пред да направи трансфер во Милан, дури на 13 средби не му даде шанса ниту меѓу резервите.
„Роналдо е феномен, најдобриот фудбалер кој сум го тренирал. Но карактерно не е таков. Во Мадрид се појави со 96 килограми, а јас побарав од него да ослабне 88 максимум 90. Ништо од тоа не се случи. Беше многу голем играч, но негативен лидер за тимот. Во јануари го продадовме и атмосферата во тимот се смени целосно. Успеавме да анулираме 9 бода негатива до Барселона“, вели италијанскиот стратег.
Капело на крајот ја освои титулата во првенството, а Роналдо со седум гола му помогна на Милан да се квалификува во Лига на шампиони. Го кажа својот став и за користењето на технологијата во фудбалот.
„Јас сум целосно за воведување на технологијата во сите спортови, рагби, кошарка, тесни. Јас поради спорен гол бев елиминиран на Светско првенство од Англија. Ќе работиш макотрпно и последна една грешка од таков тип ќе те прати дома“.