Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Малиот што се сликаше со Португалија пред мечот

Во најдосадното полувреме од досегашниот тек на Европското, најинтересен момент беше дечкото кој застана да се слика со Португалците пред мечот.

Најдраматичното полуфинале на ЕП со 9 гола и Југославија како победник

На денешен ден пред точно 56 години Франција и Југославија го одиграа првиот меч на Европските првенства кој всушност остана еден од највозбудливите и заврши со лудачки пресврт за 4 минути.

Части кафе на Вимблдон со твоја слика

Најконзервативниот турнир од Гренд Слемовите, минатата година ги забрани селфи стиковите, но годинава потклекна пред новата технологија.

Полуфинале во знакот на колегите од Европскиот првак

Иако фудбалот е тимски спорт произведува епски битки меѓу некои од нејзините најистакнати експонати. Најновата се игра вечерва во Лион каде се среќаваат двајцата најскапи фудбалери во историјата кои пред 40 дена заедно се радуваа на пехарот во Лигата на шампионите.

Меси и татко му осудени на 21 месец затвор

Ѕвездата на Барселона на почетокот на јуни се појави на суд, заедно со татко му поради сериозните обвинувања за затајување данок, а денес ја слушнале пресудата и ќе мора да платат 2 милиони евра.

Дечкото со најголем одраз

Девонт Вилсон стана хит на Јутјуб откако реши да направи видео со колекција на сите негови подвизи од 19 години до денес. На Инстаграм го следат преку 260.000 луѓе, а неговите видеа на Фејсбук ги посетиле 3 милиони луѓе. И вреди да се гледа.

Непознатиот Французин кој стигна до четвртфинале на Вимблдон

22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.

Старо ама многу добро

Џанфранко Ѕола вчера наполни 50 години. Дресот на Челси го носеше од 1996-та до 2003-та, а кога му одеа тројца од Ливерпул имаше вакво чаре:

Шест години затвор за Писториус

Олимпиецот од Јужна Африка доби помала затворска казна од минималната за убиството на неговата девојка пред 3 години.

Кристал Палас има повеќе играчи на ЕП од Реал и Барселона

Статистиката покажува дека 25% од играчите на Европско биле од англискиот фудбал, а од француското првенство имало помалку играчи отколку од англиската втора лига.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

Првиот ден на Гвардиола во Манчестер Сити

Пристигна на Етихад на 3 јули во 13:43 и за едно час и 15 минути направи обиколка во базата на клубот. Се запозна со вработените, ги виде како тренираат децата на Манчестер Сити до 13 години и на крај се појави пред навивачите. Од фудбалерите налета на Илкај Гундоган кој го донесе како засилување од Борусија Дортмунд. 

Сите слободни удари на Роналдо на ЕП 2016

Изведе 10, не даде ниту еден гол од слободен и сите му се ужас, освен вториот против Унгарија, единствен на кој се помачи голманот да му ја фати. 

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.

Трансферот поради кој целиот свет го хејташе Голден Стејт

Со ангажманот на Кевин Дурент, Голден Стејт одново влезе во историјата - како прва франшиза во НБА во која ќе настапуваат дури 4 од 20 главни суперѕвезди во НБА.

Прифатливи цени за секого во Sport Vision Outlet Extra

Новиот ланец за спортска опрема нуди папучи од 232 денари, машки и женски маици од 392 денари, шорцеви од 472 денари, долен дел тренерки од 712 денари, детски патики од 792 денари, машки патики од 792 денари и женски патики од 712 денари.

Најголемите шест фудбалски изненадувања во годината

2016-та на фудбалски план уште сега се знае дека ќе се памети по тоа што малите им покажаа заби на големите и им демонстрираа дека поранешен четвртолигаш или фармер може да му одржи лекција на оној кој спие на пари и мисли дека е најдобар.

Сигнал до небото за сезонски карти на Валенсија

По лошата сезона лани, фудбалерите на Валенсија ја започнуваат сезоната со неколку нови засилувања и веруваат дека ќе го изнесат клубот во Европа следната сезона. Во пресрет на новата Примера, „Лилјаците“ направија фина промоција на сезонските карти.

Кој е најмногу елиминиран на пенали

Поразот на Италија од Германија е шестиот несреќен меч за Италијанците кои го загубиле на ЕП и СП на пенали. Со тоа станаа рекордери во друштво на Англија и Аргентина. Ѕаѕа и Пеле не се единствените пациенти, Ди Бјаџо зема краток залет против Франција, а тоа со Баџо против Бразил не се заборава.

Ја фатил Велс 40 коефициент, паднал на 1.10

Во рубриката малер на колото Мартин нема право да влезе бидејќи има две утки, но направивме исклучок за да видите како ја типувал Велс - Белгија. Имаме уште еден малер за издвојување кој погодил тројца стрелци на мечот Франција - Исланд, ама клизнал кај корните.

Што сè треба да знаеме за Антоан Гризман?

Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.