Баерн Минхен во моментов е најприсутен во полуфиналето на Европското првенство со 8 претставници. Тоа се Кингсли Коман (Франција), Мануел Нојер, Џереми Боатенг, Матс Хумелс, Џошуа Кимик, Томас Милер и Марио Гетце (Германија) и Ренато Санчес (Португалија). Седуммина од нив се Светски прваци од Мундијалот во Бразил.
Изненадување е Кристал Палас со петмина фудбалери. Најновото засилување од Марсеј, Стив Манданда и Јохан Кабаје (Франција), Вејн Ханесе, Џо Ледли и Џонатан Вилијамс (Велс).
Реал Мадрид, Арсенал и Спортинг Лисабон имаат по четворица, а Јувентус, Волфсбург, Ливерпул, Лион и Манчестер Јунајтед по тројца претставници.
Од играчите кои останаа на Европското во полуфиналните битки, вкупно 37 се од англискиот фудбал, односно 29 од Премиер лигата, 8 од Чемпионшип и еден од трета лига.
На почетокот на првенството, број 1 со играчи беше Ливерпул кој имаше повеќе од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона. Потоа следуваат Борусија Дортмунд и Јувентус со по 12 претставници. Тотенхем имаше 11, Манчестер Јунајтед 10, Арсенал 9. Само тројца од 11-те играчи на Баерн Минхен се елиминирани, тоа се Левандовски со Полска, Алаба со Австрија и Алкантара со Шпанија.
139 од вкупно 552 играчи кои отпатуваа во Франција беа од Англија. Премиер лигата имаше 103 учесници, а Чемпионшип 31, повеќе и од француската Лига 1 која имаше 22. Овие бројки се разбира дека не се мерило за силината на репрезентациите, бидејќи Франција е полуфиналист, а Англија доби шамар од Исланд.