6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.

Кога Германија влегува во топ 4 на Европските и Светски првенства, а таму се среќава против домаќинот тоа значи за нив автоматски и победа. Тоа најдобро го знаат Белгија, Југославија, Шведска, Англија, Јужна Кореја и Бразил.
 
Единствената репрезентација која не успеале да ја минат во полуфинале како домаќин е Шведска и потоа серијата продолжува убедливо се до дебаклот кој му го нанесоа на Бразил од 7:1.
 
Ако во полуфиналето на ЕП 2016 ја елиминираат Франција нивната статистика ќе биде идентично како резултатот против Бразил, 7:1.
 
СП 1958: 1:3 против Шведска
 
 
ЕП 1972: 2:1 против Белгија
 
 
ЕП 1976: 4:2 во продолженија против Југославија
 
 
ЕП 1992: 3:2 против Шведска
 
 
ЕП 1996: 1:1 па 6:5 на пенали против Англија
 
 
СП 2002: 1:0 против Јужна Кореја
 
 
СП 2014: 7:1 против Бразил
 
5 јули 2016 - 17:29