Предводени од нивната најголема ѕвезда, Велс стигна до сензационално полуфинале на ЕП 2016 прво во историјата, каде како пречка на патот им стори селекцијата предводена од трикратниот освојувач на Златната топка.
Бејл и Роналдо се големи пријатели и клупски колеги кои заедно освоија две титули во последните три сезони во Лигата на шампионите. Тие никогаш не биле ривали во националните тимови и ова ќе биде првото нивно соочување на репрезентативен план.
„Кристијано е фантастичен играч, секогаш сакам да играм покрај него и имаме одлично разбирање во Мадрид. Не знам под каков притисок е со Португалија, но јас се чувствувам смирено, а исто така и тимот. Ова не е меч меѓу мене и него, туку помеѓу двете земји. Ако Португалија е во полуфинале, тогаш има добра причина за тоа. Исто е и со нас. Тука нема ѕвезди, тимот е ѕвезда“
Колку и да верува Бејл во овие зборови, медиумите сигурно не мислат така и натпреварот го гледаат низ призма на двете ѕвезди на Реал Мадрид чии трансфери заедно вредеа скоро 200 милиони евра. Специјалистите за статистика се фрлија ептен за работа и почнаа:
- Роналдо има 31 година, 131 настап за Португалија и 60 голови, а Бејл 26 години, 60 настапи и 22 гола.
- Роналдо има 5 настапи на Европското, 510 минути и 2 постигнати гола, а Бејл 5 настапи 443 минути и 3 постигнати гола.
- Роналдо шутнал 36 пати, 14 топки му биле одбиени, 13 надвор од рамки на гол и 9 во рамки на гол. Бејл шутнал 21 пати, 2 топки му биле одбиени, 5 надвор од рамки на гол и 14 во рамки на гол.
- Во меѓусебните дуели на клупски план Роналдо води 5:0. Три од нивните пет битки се случија во период од четири месеци меѓу јануари и април 2009-та кога Португалецот играше за Манчестер Јунајтед, а Бејл за Тотенхем.
- Јунајтед ги победи Спарси 2:1 во четвртата рунда од ФА Купот и потоа во финалето од Лига Купот на пенали. Во третото соочување победија 5:2 на Олд Трафорд во Премиер лигата, а Роналдо постигна два гола.
- По две сезони Тотенхем загуби од Реал Мадрид 4:0 и 1:0 во четвртфиналниот двобој во ЛШ. Роналдо беше стрелец на двете средби.
-На овие пет средби Роналдо создал 8 шанси за гол, а Бејл 4. Роналдо имал 86,6% успешност во додавањата, а Бејл 69,3%. Роналдо направил 9 дриблинзи, а Бејл 34.
Како го најавуваат полуфиналето на насловните страни:
Типувај го на Типстер