Се работи за првото Европско првенство кое тогаш го носело името Европски Куп на нации. Домаќин е Франција, а учесници имало само четири: Франција, Југославија, СССР и Чехословачка.
На едното полуфинале СССР ја совладал Чехословачка со 3:0, двоен стрелец бил Иванов и Понеделник. Да, напаѓачот се вика Виктор Понеделник, жив е уште, има 79 години и играл за ЦСКА и Спартак Москва.
Додека СССР во Марсеј лесно стигнал до победа, истиот ден, но порано во Паркот на принцовите во Париз, домаќинот бил шокиран од селекцијата предводена од Љубомир Ловриќ кој во напад го имал легендарниот Драгослав Шекуларац кој сепак не дал гол.
Во 11 минута Милан Галиќ го отворил резултатот, но веќе следната минута Франција вратила преку Жан Винсент. На две минути до паузата Французите направиле целосен пресврт со голот на Франсоа Хуете.
Во второ полувреме домаќините кои важеле за фаворити, во 52-ра минута зголемиле и со 3:1 со голот на Висниески. 55 минута Анте Жанетиќ 3:2, 62-ра Франсоа 4:2.
Приказната тука не завршила, туку во само 4 минути се случил еден од најдраматичните пресврти во историјата на меѓународниот фудбал. Томислав Кнез во 75 минута намалил на 4:3, а Дражан Јерковиќ во 78-ма и 79-та ги поставил конечни 4:5.
Финалето меѓу СССР и Југославија, исто како на ЕП 2016 се играло на 10 јули, а при резултат 1:1, во продолженијата го решил знаете кој? Понеделник.