Оскар Писториус доби шест годишна затворска казна за убиството на Рива Стинкамп во 2013 година, помала од задолжителната минимална казна во Јужна Африка за вакво кривично дело.
„Олеснителните околности ги надминуваат отежнувачките околности. По почетното прилагодување, обвинетиот соработувал со затворските власти. Тој може да биде брзо темпериран но тоа не значи дека тој е насилен“, рече судијата во врска со неговото убиство за кое доби поблага казна, со оглед на минималната за ова обвинение која изнесува 15 години.
Таа рече дека перцепцијата во јавноста за настаните од смртта на Стинкамп е различна од она што всушност се случило и дека Писториус изрази жалење за смртта на неговата девојка.
Оскар Писториус е веќе една година зад решетки, а на оваа пресуда право на жалба има и обвинителството и одбраната.
Освојувачот на шест златни медали на Параолимписки игри ја застрела својата девојка четири пати со пиштол низ заклучената врата во тоалетот во февруари 2013 година, а потегот го објаснуваше мислејќи дека дома му влегуваат крадци.