Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Кога ќе ти се погоди неделата

Имаш 22 години, дебитираш за репрезентација на Европско и тоа во четвртфинале, а три дена претходно те купува Барселона. Да, има и такви приказни во фудбалот за кои треба к`смет, но и квалитети.

Авторот на исландската бајка кој го скроти Ибрахимовиќ

Човекот кој девет години ја водеше Шведска на големите натпреварувања имал авантура и во Нигерија каде сфатил дека фудбалерите успехот или неуспехот го гледаат низ призма на религијата. Денес, на 67 години е творец на чудесната бајка на Исланд на Европското.

Епската 119 минута меѓу Италија и Германија

Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.

Рејкјавик по примените 5 гола на Исланд

Додека навивачите и играчите на Исланд се испраќаа на стадион по дуелот со Франција, нивниот препознатлив поздрав ечеше и во Исланд. Од оваа фудбалска приказна треба да учат сите земји кои не веруваат во својот потенцијал и не знаат да работат во фудбалот.

Податокот кој го краси тимот на Исланд

Островот со 300 и кусур илјади жители кој импресионираше на ова Европско првенство, стигна до топ 8 со играчи кои немаат богато фудбалско педигре, туку одиграа со срце и едноставно се незаменливи. Еве во што се први.

Исландската бајка заврши со петарда

По завршувањето на првите 45 минути на Стад де Франс, Франција стана првата селекцијата во историјата на ЕП која успеа да постигне 4 гола во прво полувреме. Франција и Исланд ја донесоа најголемата голеада на ова Европско каде во полуфинале ќе ги гледаме Франција-Германија и Велс - Португалија.

Српско народно коло на италијански начин

Симоне Ѕаѕа го имаше најбезвезниот залет на сите досегашни пенали кои ги гледавме на Европското првенство во Франција, 

Драматичен финиш, контакт меѓу Хамилтон и Розберг и победа на Британецот

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Австрија во неизвесен финиш во кој го исфрли од трка Нико Розберг во последниот круг.

Долга пенал серија по која Германија оди во полуфинале

По 18 изведени пенали и 7 утки, селекцијата на Германија обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство каде ќе игра со Франција или Исланд. Милер, Озил и Швајнштајгер промашија за Германија, Ѕаѕа, Пеле, Бонучи и Дармијан за Италија.

Бонучи му одговори на Озил од пенал за продолженија

По тешка и неизвесна битка во Бордо, Италија и Германија ќе играат продолженија во третото четвртфинале на ЕП 2016. Месут Озил го скрши мразот во 65 минута, а Бонучи во 78 минута реализираше од пенал за 1:1. И во деветтиот обид на ЕП и СП Германците не успеаа да слават во меѓусебните дуели во регуларниот дел.

Дебитантот Велс оди во полуфинале!

Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.

Што ти значи радио пренос во денешно време

Некогаш пред дваесетина години кога нашите клубови или репрезентации играа надвор, а обезбеден пренос немаше, уживавме да се потпреме на радиото и замислуваме како е тоа кога топката е близу противничкиот шеснаесетник. Убаво е човек да се потсети како тоа изгледа, овојпат во Португалија.

Офсајд ликови: Фалкао и Пато

Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.

Ноќниот кошмар на тениските судии - Виктор Троицки

На вчерашниот дуел против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас во 2. коло од Вимблдон, Троицки урлаше кон судијата: „Ти си комплетен идиот! Ти си идиот, најлош и најужасен судија на светот! Мрш!“. И не му е првпат да гаѓа судии со топчиња и да ги пцуе и навредува.

Вардар повторно со Кјелце и Рајн Некар, Металург со незгодни противници

По извлекувањето на ждрепката за женската, во Данска беа извлечени и групите за новата сезона и во машката Лига на шампиони која стартува на 21 септември.

Вардарки ќе патуваат на далечен пат во Русија

Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.

Два потези за најмногу аплаузи на Вимблдон

За потег на денот на Вимблдон е избрана мајсторијата на Григор Димитров, но ние си прогласивме два најдобри потези и го вметнавме потегот на Италијанецот Фабио Фоњини кој доби аплаузи за штосниов поен.

Како Исланѓанецот Рагнар Сигурдсон гледал серии со газдата на Краснодар

По животот во Копенхаген и Гетеборг каде настапувал, трансферот во Русија бил прав културолошки шок за Рагнар Сигурдсон, Исланѓанецот кој е можеби најкорисниот играч на Европското првенство 2016.

Човекот создаден за трофеи ќе брка 30-ти пехар на Олд Трафорд

Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед беше непотребно чуван во тајност и само се чекаше денот кога и официјално ќе се обелодени. Ибра ди собра трофеите во Италија, Шпанија и Франција и сега ќе му даде голема тежина на нападот на Јунајтед и ќе го направи последниот обид за да ја освои титулата која му фали во кариерата, а тоа е ЛШ.

Дете а да ти извадиме македонски пасош?

Ти само жонглирај, тренирај и кажи ни дека сакаш да играш за македонска репрезентација на позиција по твој избор, а ние ќе бараме македонски корени кај баба ти.

Драмата во Марсеј ја доби Португалија на пенали

За 120 минути фудбал немаше победник и одлучуваше пенал рулетот. Јунакот на Полска во групната фаза, Блашчиковски промаши, а Кварежма го постигна решавачкиот пенал и Португалија е прв полуфиналист.

Инциденти на мечот Шкендија - Краковија

Група навивачи на Шкендија се обидоа да се пресметаат со луѓе од управата на Краковија во ВИП ложата на Филип Втори Арената. Целата тензија ја зголемија и гостинските навивачи, околу 400 на број кои скандираа „Косово е Србија“. Балистите возвратија со Shqiperia rise (Голема Албанија). Во 60-та минута, Шкендија води со 2:0 со головите на Бесарт Ибрахими и Бразилецот Стенио Жуниор.