ЕП 2016 Франција

Драмата во Марсеј ја доби Португалија на пенали

За 120 минути фудбал немаше победник и одлучуваше пенал рулетот. Јунакот на Полска во групната фаза, Блашчиковски промаши, а Кварежма го постигна решавачкиот пенал и Португалија е прв полуфиналист.

Португалија се пласираше во своето четврто финале на последните седум нивни учества на Европските првенства, откако вечерва подобро изведуваше пенали против Полска.
 
Неверојатен е податокот што Португалија ниту во петтиот натпревар на Европското не победи во регуларните 90 минути. Полска поведе уште во втората минута со првиот гол на Роберт Левандовски на ЕП, но во 33-та минута израмни 18-годишниот Ренато Санчез со фантастичен удар со лева од околу 20 метри.
 
ПОЛСКА - ПОРТУГАЛИЈА 1-1 (1-1; 3-5 на пенали)
(Левандовски 2’ - Ренато Санчез 33’)
 
Пеналите:
 
Во судиското продолжение навивач влета во терен, но редарите брзо го совладаа: