Формула 1

Драматичен финиш, контакт меѓу Хамилтон и Розберг и победа на Британецот

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Австрија во неизвесен финиш во кој го исфрли од трка Нико Розберг во последниот круг.

Луис Хамилтон на само неколку кривини пред крајот во директен дуел со тимскиот колега стигна до првото место - најпрвин го нападна, Германецот во еден момент погреши, дојде до контакт после што болидот на Нико заврши во лоша состојба. Хамилтон побегна, Розберг како така успеа да заврши четврти, а на подиумот со Британецот се качија уште и Макс Ферстапен и Кими Раиконен со речиси шест секунди заостанување.
 
На Ред Бул Ринг имаше неколку необични моменти уште од стартот. Најпрво механичарите му оневозможија на Хамилтон да го сочува лидерското место во првата третина од трката, а потоа Себастијан Фетел мораше да ја заврши трката затоа што му експлодираше десниот пневматик.
 

Тоа го искористи Розберг кој изби на чело и после неверојатната втора грешка во боксот за Хамилтон се чинеше дека ќе победи (Розберг стартуваше надвор од привте пет). Меѓутоа Хамилтон уште еднаш докажа дека е најдобар кога вози под притисок и тргна на се или ништо.
 
Нивната битка резултираше со опасен контакт којшто го одлучи победникот што е вкупно 46. триумф во кариерата на пилотот од Стивениџ. Кога на крајот после честититките преку радио му рекоа на Хамилтон дека „тоа не е резултат кој го очекувале“, Британецот им одговори: „Јас бев од надворешна страна, не удрив прв’.
 
Публиката на крај го исвирка Хамилтон на подиумот:
 
Формула 1 соопшти дека Нико Розберг е под истрага поради инцидентот во последниот круг. И покрај тоа, Нико го задржа првото место во генералниот пласман и сега има 152 бода, а Хамилтон е втор со 141.
 
Следната трка на Ф1 шампионатот продолжува на 10. јули со трката за Големата Награда на Британија и легендарната патека Силверстоун.
3 јули 2016 - 17:08