Човекот создаден за трофеи ќе брка 30-ти пехар на Олд Трафорд

Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед беше непотребно чуван во тајност и само се чекаше денот кога и официјално ќе се обелодени. Ибра ди собра трофеите во Италија, Шпанија и Франција и сега ќе му даде голема тежина на нападот на Јунајтед и ќе го направи последниот обид за да ја освои титулата која му фали во кариерата, а тоа е ЛШ.

Шведскиот напаѓач има 13 титули освоени за 19 сезони, но тоа се само првенствени титули. Кога на овие ќе се додадат и Куповите зборуваме за вкупна бројка од 29. Само со вакво CV играч на 34 години може да добие шанса во клуб како Манчестер Јунајтед кој лани промовираше деца во напад.

Мурињо во напад добива старо искусно магаре кое изминативе четири со ПСЖ постигна по сезона 35, 41, 30 и 50 голови или вкупно 156 комада на 180 средби.

Ибрахимовиќ се очекува да биде опасно оружје во нападот на Манчестер кој и покрај години се уште ја носи таа експлозивна моќ. Медиумите на островот веќе направија и можна формација со која Мурињо можно е да излезе на 7 август кога во Комјунити Шилд се среќаваат Лестер и Манчестер Јунајтед.

Одбраната ја засилија со Ерик Бејли од Виљареал кој се очекува да се бори за прв тим. Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска го платија 30 милиони фунти. Француските медиуми пишуваа дека Јунајтед веќе почнал да преговара со Јуве за враќањето на Пол Погба, а во игра за средниот ред е и плејмејкерот на Борусија Дортмунд Хенрик Мхитарјан.

Можниот состав на Мурињо со кој би се соочил за нешто повеќе од месец дена со шампионот изгледа вака:

 

1 јули 2016 - 11:57