Ноќниот кошмар на тениските судии - Виктор Троицки

На вчерашниот дуел против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас во 2. коло од Вимблдон, Троицки урлаше кон судијата: „Ти си комплетен идиот! Ти си идиот, најлош и најужасен судија на светот! Мрш!“. И не му е првпат да гаѓа судии со топчиња и да ги пцуе и навредува.

30-годишниот српски тенисер Виктор Троицки не е познат само како победник на неколку мали турнири и другар на Новак Ѓоковиќ од детството кој на својата репрезентација и го донесе победничкиот поен во финалето на Дејвис Купот во 2010-та, а три години подоцна беше дисквалификуван поради допинг.
 
Познат е и по својот исклучително тежок карактер. Неговото однесување со судиите не остава сомнеж дека воздржаноста не е негова најсилна страна.
 
Најпознатиот инцидент на Троицки кога се изгуби во преводот беше на турнирот во Рим пред три години. Тогаш Троицки урлаше «There's no space», мислејќи дека меѓу линијата и земјениот дел каде што паднала топката имало простор (друго значење на терминот «space»).
 

Додека одеше кон судијата Троицки крена раце кон небото и изјави „Од вселената се гледа дека падна на линија" (и тука го употреби терминот «space»). Го фати камерманот за камерата и тргна кон „местото на настанот". На крајот Ернест Гулбис го доби мечот (1:6, 1:6) и изјави дека тој никогаш не би си дозволил такво нешто како Троицки.

Годинава во Рим Троицки повторно направи скандал, кога не се согласи со тоа што линискиот судија прерано викнал „аут" и му засметал да го врати ударот. Српскиот тенисер го загуби гемот од Нишикори а кога Јапонецот тргна кон столицата, Виктор почна да му вика на судијата: „Доаѓа, пази, пази, доаѓа, се тресеш од него"! Иако водеше 1:0 во сетови на крајот загуби 7:5, 2:6, 3:6 и испадна.

На Вимблдон како вчера кога направи неверојатен скандал со судијата, така и години наназад Троицки ги криви судиите. Така на минатогодишниот Вимблдон во меч од четвртото коло против Вашек Посжпишил Троицки просто грмеше на Карлос Рамос кој не му даде Челенџ (касно го побарал).

Така и во четвртокот кога Троицки во второто коло на Вимблдон играше против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас. Во последниот решавачки сет на теренот 17. каде нема „око соколово", судијата од столицата му даде поен на Вињолас, а Троцки тргна кон него со топчето да му покаже дека нема бела боја од линијата и дека било аут.

Во еден момент почна да вика на цел глас:

„Штоооо, погледни! Најлош судија на свет си! Ја виде ли топката, ја виде ли? Мрш! Ужасен си. Ти си идиот, извини, ама ти си идиот, морам да ти кажам. Ништо не виде денес, направи 30 грешки не на негова туку воглавном на моја штета".

Во Мајами се караше дека топката паднала пред тој да ја прескокне мрежата: