Одлуката на Дурент да потпише договор со Голден Стејт можеби и не е толку неочекувана. Секој има право на свој избор, а Дурент има помалку или повеќе исправно мислење за современата кошарка. Кога пред неколку месеци новинарите на НБС и ЕСПН пишуваа дема Оклахома тешко ќе освои нешто поради отсуство на долгорочна перспектива, многумина ги оспоруваа.
Кога ќе се обрне внимание на организацијата, таа често бара малку поинаков изглед, препознатлив од навивачите и луѓето на улица, за кои тандемот Дурент-Вестбрук имаа иста вредност во животот како и нивнте пар колбаси во фрижидерот. Оклахома Тандер во периодот од 2011 до 2016 изгледаше како франшиза која нема искуство на организационен план.
Со трампата на Џејмс Харден во Хјустон, раководството на Оклахома ја направи најголемата грешка во историјата на клубот, под изговор дека го дале поради финансиски причини. Во случај да го дадоа поради (не)дисциплина како што Голден Стејт го избрка Монта Елис тоа би било во ред, но Тандер фактички остана без понатамошен план.
Управата на Оклахома се вадеше дека во денешно време кога главни компоненти при изборот на нов клуб на еден играч се тренерот, менаџерот, навивачите, доларите, составот, конкурентноста, тогаш е тешко да одбереш „земи или остави“. Од друга страна, Вориорс на веќе феноменалниот тим му го донесоа и МВП-то на лигата за 2014. година со што во соблекувалната ги соединија најдобрите шутери на светот.
Во потрага за титулата која уште не ја освоил, Дурент одбра да се пресели во Голден Стејт против кого го играше својот последен меч во дресот на Оклахома.
Во меѓувреме навивачите на Оклахома го палеа неговиот дрес (слично како и оние на Кливленд на времето со дресот на Леброн). А гореше и Интернетот, каде речиси сите го критикуваа Дурент што го одбрал Голден Стејт.
Пол Пирс беше еден од ретките кои го поддржа и на Твитер напиша:
„Ако не можеш да ги победиш - придружи им се".