Части кафе на Вимблдон со твоја слика

Најконзервативниот турнир од Гренд Слемовите, минатата година ги забрани селфи стиковите, но годинава потклекна пред новата технологија.

Јагодите со крем веќе со години се главното гастрономско задоволство и симбол на Вимблдон, но годинава турнирот има нова атракција - високотехнолошко кафе.
 
Италијанскиот кафе бренд Lavazza е официјален снабдувач на Вимблдон уште од 2011 година и има активно учество во секојдневието на турнирот, во соработка со Џуди Мареј, Тони Надал, Карлос Моја и Каролин Вознијацки. Годинава новост е дигиталната слика со ликот на познатите тенисери направена над лате пената.

За да се направи нова слика се користи нова израелска технологија чија што посебна машина млечната пена ја претвора во цртеж. Машината чија што почетна цена е 1.300 долари постојано ја шири лепезата на слики од познатите тенисери, а што е најважно - клиентите можат да постават своја слика.

Како работи машината:

П.С. Додаток што се е забрането за внесување на терените на Вимблдон: