Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

4-годишен Кристијано Роналдо

Ај што зема залет како него и што така фелшира, ама и прославата му е потполно идентична како на Португалецот.

Сите руски атлетичари се исфрлени од Рио

Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на рускиот олимписки комитет, а тоа значи дека Русите ќе немаат ниту еден претставник во атлетика на Летните Олимписки игри.

Дечкото од загрепскиот кварт кој ја шармираше Старата Дама

Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.

Боатенг може да игра за Гана, а Матиќ не може за Македонија

Братот на ѕвездата на Челси чекаме скоро две години да го облече дресот на македонската фудбалска репрезентација. Албанците имаа 7 фудбалери на ЕП 2016 со идентични случаи како неговиот и тоа не беше проблем за ФИФА, која нејасно е зошто ги кочи работите за Матиќ.

Голманот со Паненка го однесе Партизани Тирана понатаму

Унгарскиот првак Ференцварош на пенали испадна од Партизани Тирана, дополнително внесениот албански претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. По 1:1, следуваа пенали каде голманот на Партизани Албан Хоџа правеше чуда. Најпрвин изведе мајсторска Паненка а потоа одбрани три пенали и е најзаслужен што Албанците во следното коло ќе играат против Салцбург.

Погба vs Лукаку, еден на еден

Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Челси, а Пол Погба веројатно ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Но тоа не е причина да се опуштат на одмор во Мајами и да изиграат баскет. Ѕвездата на Јувентус даде тројка без коски.

Голеадата на Максимир

Фудбалерите на Вардар покажаа заби на реванш квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите и на два пати имаа водство, но со двата пенали за кои сами се виновни, не успеаа да направат сензација и да го елиминираат Динамо Загреб.

Динамо Загреб за 10 години направил поголем профит од Ајакс

Марко Пјаца е втор играч на кој Здравко Мамиќ ќе заработи повеќе од 20 милиони евра, а со неговата продажба Динамо стана 9-от клуб во светот со најголема заработка во последниве 10 години.

Новите правила во Премиер лигата

Доколку двајца или повеќе играчи се соберат околу судијата, тој ќе има право да извади минимум еден жолт картон, а оној ќе пцуе ќе оди под туш.

Даниел Агер отвори душа за лекарствата и пеколот низ кој поминал

Поранешниот идол на навивачите на Енфилд Роуд отворено зборуваше за предозирањето со лекарства против болки (анти-инфламаторни лекови) кога медицинските лица едвај го спасиле на теренот во 2015-та година.

Ретро фотографии од летувањата на фудбалерите

Сиот овој колаж на стари фотографии од одморите на некои поранешни фудбалски имиња е сосема нормален за тоа време, се додека не дојдете до моментот каде Диего и Клаудиа си ги имаат сменето позите. 

Го имаме најубавиот гол на летото

Интер имаше 1:1 против Реал Солт Лејк на пријателски дуел во САД, но во 92 минута падна гол кој уште сега може да биде прогласен за најубав за време на летните подготовки. Аплаузи за Стеван Јоветиќ.

Кој е ученикот што дава голови за Ливерпул?

Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.

Фудбалерот кој го сакаат и Срби и Хрвати

Има само еден фудбалер на планетава кој има дадено гол на Светско првенство за две различни репрезентации. Има играно и за Барса и за Реал, и за Звезда и за Динамо. Хрват за кој душа даваат Делии.

Помошникот тренер на Динамо продава вафли во Загреб

Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.

Паметна презентација на дресови врз споменици

Шпанскиот прволигаш Гранада смислил оригинален начин за да ја претстави новата опрема за новата сезона. Ги облекле главните три споменици пред Градската куќа во дресовите и шорцевите на клубот.

Решив: Или ќе успеам или ќе ме носат со амбулантно возило

Најдобриот скејтер на сите времиња, Американецот Тони Хоук раскажува за вечерта пред да го изведе неверојатниот потег „900“ кој никој никогаш не го направил. Важи за најголема легенда на екстремните спортови.

Пливал 1 километар за да го види Меси на јахтата

Навивач на Атлетико Мадрид, извесен Сули пливал цел километар на Ибица, за да стигне до јахтата на Меси после што Аргентинецот му ја исполнил желбата да се сликаат, иако дечкото пливал со мобилниот во џеб.

Чудесното девојче Надја Команечи од Романија

И покрај големите притисоци од режимот на Чаушеску да ги напуштат Игрите во Москва во 1981. година, младата Надја Команечи се спротивставува и решава да оди до крај. Станува петкратен Олимписки првак и симбол на отпорот во Романија.

Колку треба да си неспособен за да продадеш 11 годишни карти

Со 12 годишен стаж во клуб од Серија А да продадеш само 11 годишни карти за еден ден треба да си или аматер или многу да те мразат навивачите.

Каква понуда добил Роналдо пред 19 години

Роналдо нема освоено Лига на шампиони во кариерата и прашање е дали ќе освоеше ако ја прифатеше оваа понуда.

Денот кога Северна Кореа ја елиминираше Италија од Светско

Една од најголемите сензации во историјата на фудбалот се случила на Мундијалот во 1966. година кога анонимната Северна Кореа ја победила Италија 1:0 и ја елиминирала од Светското. Севено Корејците првпат во историјата влегле во четвртфиналето каде чудесно после 25’ минути воделе 0:3 против Португалија. На голема жал на илјадниците Англичани и Европјани кои навивале за нив, Еузебио во вториот дел им дава 4 гола и Португалија оди во полуфинале со 5:3. 

Најголемите 10 екипи во Европа летово потрошиле 550,6 милиони евра

Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.