Судиите на арбитражниот суд во Лозана ги разгледаа аргументите на двете страни и пресудија дека забраната која ја донесе Меѓународната атлетска федерација за настап на Рио 2016 останува. 68 спортисти од Русија остануваат дома.
Овој расплет на настаните може да доведе и до забрана за настап на сите руски спортисти во Рио која би ја можела да ја донесе Меѓународниот олимписки комитет.
По завршувањето на истрагата на независната комисија предводена од канадскиот професор Ричард Мекларен, се докажа дека руските државни институции се вклучени во манипулирањето на примероците од руските спортисти на Зимските Олимписки игри во Сочи и Светското првенство во атлетика во Москва, каде е прикриено користење на недозволени стимулативни средства.
Меѓународниот олимписки комитет одлучи да ги суспендира руските атлетичари и најави можна санкција за сите руски спортисти кои ќе учествуваат летово во Рио.
Слично нешто се случи во 1984 година кога најголем дел од земјите на Варшавскиот пакт предводени од СССР го бојкотираат настапот на Олимписките игри во Лос Анџелес.