40 години од првата 10-ка во историјата на гимнастиката

Чудесното девојче Надја Команечи од Романија

И покрај големите притисоци од режимот на Чаушеску да ги напуштат Игрите во Москва во 1981. година, младата Надја Команечи се спротивставува и решава да оди до крај. Станува петкратен Олимписки првак и симбол на отпорот во Романија.

На денешен ден се одебележуваат 40 години од неверојатниот настап на 14-годишната Надја Команечи на Олимписките Игри во Монтреал. Чудото што го направила Команечи на 18. јули 1976. година било оценето со првата совршена 10-ка во историјата на овој спорт. Романката добила вкупно седум перфектни оцени 10 и станала една од најдобрите спортисти на XX век.
 
Во тоа време, најдобрите гимнастичари и гимнастичарки доаѓале од Советскиот Сојуз, така што веста за победата на младата Романка во Монтреал била уште поневеројатна.Погледнете што направи таа. Таа е подобра дури од сите Руси“, изјавила друга романска гимнастичарка Теодора Унгуреану, член на тимот кој броел успеси во Монтреал 1976.
Фактот што Романија, непозната до тој момент во светот на гимнастиката го победила семоќниот Советски Сојуз значел и оружје за политичка пропаганда. Под режимот на диктаторот Николае Чаушеску, Романија се дистанцирала од Советите и западот го дефинира режимот на Чаушеску како пријателски настроен во тоа време.
 
Чаушеску отворено зборувал против Советската инвазија на Прага во 1968. година и одбила секакви преговори со Москва. И покрај тешките и напорни тренинзи, Надја уживала во гимнастиката. Отсекогаш барала нов предизвик, нова рутина и нови потези.
„Отсекогаш сакаше да биде најдобра, и тоа и даваше крилја“, изјавил Бела Кароли, тренерот кој пребегал во САД во 1981. година.“

Многу години подоцна, во интервју за Дејли Мејл, Команечи раскажувала дека тренинзите и траеле по шест часа на ден, наместо три колку што било нормално. Кариерата на Надја започнува на 6 години, откако нејзината мајка ја запишала во приватно школо за гимнастика близу нивниот дом, со цел девојчето да троши енергија затоа што била многу активна.

„Секогаш кршев нешто по дома кога правев ѕвезди и салта", вели Команечи за романскиот Adevarul на јубилејот 40 години од неверојатниот настап.

Нејзин прв тренер во детството бил Марсел Данкан.

„Таму научив да го правам првиот колут напред и да се држам на разбој. Целов реме учев. Мајка ми беше пресреќна што неколку часа одев на тренинзи и дома бев мирна", вели петкратната Олимписка шампионка.

Првиот медал, малата Надја го освојува на Европското првенство во Скјен, Норвешка во 1975. година. Од тогаш започнала нејзината славна кариера. Во колекцијата има и три златни медали од Светски првенства и сребро и бронза од Монтреал. Во Романија ја добила титулата „Hero of Socialist Labour" како најмлад спортист кој освоил медал.

И покрај тоа што заработила незгодна повреда на рачниот зглоб во 1978. година, Надја освојува златен медал на греда на Светското првенство во Стразбур со финална оцена 9,95. На Олимписките Игри во Москва 1980. година, таа освојува уште три златни медали. Тука бил и крајот на нејзината фантастична кариера, после што станала тренер.

Надја Команечи денес на 54 години

Кратко време пред револуцијата која што го симна Чаушеску од власта, Команечи се соочила со најдраматичниот период во нејзиниот живот. Ноќта на 27 ноември, 1989 година Команечи ја напуштила земјата со други шест гимнастичари, затоа што биле под сериозна закана од режимот.

„Тајната служба Секуритатеа знаеше се за мене", раскажа Надја за Дејли Мејл во 2014. година.

Команечи тргнала низ Унгарија и Австрија од каде заминала за САД. Во 1996. година се мажи за познатиот американски гимнастичар Барт Конер со кој добила син. Денес има 54 години и тренира некои нови девојчиња со нејзиниот сопруг во Норман (Оклахома). Надја е вклучена и во развојот на гимнастичари од родната земја.

„Во тоа време, никој од нас спортистите не беше упатен во политичките проблеми. Нашите тренери се обидуваа да не заштитат од тоа. Во Москва во 1980-та јас бев единствена која што побарав од судиите да ме оценуваат. Чаушеску тогаш нареди сите да се вратиме дома и да ги напуштиме Игрите, но не го сторивме тоа", се сеќава Надја.

Нејзиното мото, како што пишува Adevarul е: „Не се моли за лесен живот, моли се за да бидеш силна личност".