Пливал 1 километар за да го види Меси на јахтата

Навивач на Атлетико Мадрид, извесен Сули пливал цел километар на Ибица, за да стигне до јахтата на Меси после што Аргентинецот му ја исполнил желбата да се сликаат, иако дечкото пливал со мобилниот во џеб.

На многу навивачи еднаш во животот им се пружа прилика да го видат а посебно да се сликаат со Меси. Еден Шпанец ќе го памети летото 2016-та откако 20 минути муабетел и се сликал со Меси на неговата јахта.
 
24-годишниот Сули од Сеута (шпански град на северот од Ибица), кој кажал дека навива за Атлетико Мадрид бил на островот кога разбрал дека најдобриот играч на светот според ФИФА е во близина со импресивната јахта. Сули не му ја мислел многу и почнал да плива до таму. После еден километар пливање стигнал до јахтата ''Seven C'' каде Лионел одморал.
 
29-годишниот напаѓач на Барселона и освојувач на Златната топка го забележал дечкото кој сакал само да се слика, но телефонот му бил во вода додека пливал и немал како, пишува Дејли Мејл. Меси веднаш им се обратил на вработените на јахтата да ги сликаат заедно и да му ги пратат фотографиите на храбриот Сули.

Меси не застанал тука, му понудил сок и двајцата околу 20 минути разговарале околу потеклото на Сули, како и за неговата претходна средба со Тибо Куртоа.
„Го загубив телефонот, но имам слики со Меси. Во ниту еден момент не делуваше како глобална суперѕвезда, туку пријатно разговараме и со него и со неговото семејство кое е прекрасно“, додава среќниот Шпанец.
На крајот Меси му овозможил сигурно да се врати до брегот со глисер кој го возеле вработените на јахтата, што дополнително го воодушевило Сули. Претходната ноќ херојот на оваа приказна, откако дознал дека Кристијано Роналдо се наоѓа во фамозниот клуб Пача на Ибица отишол до таму, но Португалецот бил далеку од јавноста.
„Не можев ниту да се ракувам со него. Беше опколен со обезбедување и не можев ниту да го видам“, констатира Сули.
19 јули 2016 - 23:03