Марко Пјаца вечерва против Вардар го игра последниот меч на Максимир и потоа се сели во италијанскиот шампион Јувентус за сума од околу 23 милиони евра.
Goal.com направи листа на 10-те клубови во светот кои заработиле најмногу пари од трансфери во последните 10 години, а со тоа и играчите од кои најмногу заработиле.
Работата на Здравко Мамиќ се гледа на дело. Вечерашниот противник на Вардар во 2. Квалификациско коло за Лига на шампиони е петтиот европски клуб со најголема заработка.
1. Порто – 358 милиони евра, Хулк во Зенит за 55 милиони евра
2. Бенфика – 251 милиони евра, Аксел Витсел во Зенит за 40 милиони евра
3. Удинезе – 190 милиони евра, Алексис Санчез во Барселона за 26 милиони евра
4. Интер – 177 милиони евра, Златан Ибрахимовиќ во Барселона за 69,5 милиони евра
5. Лил – 168 милиони евра, Еден Азард во Челси з 40 милиони евра
6. Сантос – 135 милиони евра, Нејмар во Барселона за 88 милиони евра
7. Коринтијас – 131 милиони евра, Паулињо во Тотенхем за 19 милиони евра
8. Сао Пауло – 124 милиони евра, Лукас во ПСЖ за 40 милиони евра
9. Динамо Загреб – 124 милиони евра, Марко Пјаца во Јувентус за околу 23 милиони евра
10. Ајакс – 109 милиони евра, Весли Снајдер во Реал Мадрид за 27 милиони евра