Џовани Бранкини кој му беше агент на Роналдо откри интересен детаљ од една понуда која стигнала до Роналдо во 1997 година.
Тогаш бразилскиот напаѓач имаше 21 години, одигра една сезона за Барселона и блесна со 34 голови на 37 средби во шпанскиот шампионат, вкупно 47 на сите натпреварувања.
Роналдо ја доби наградата за најдобар играч во светот според ФИФА, но не беше задоволен од договорот со гигантот од Ноу Камп. Беше објавено дека тој што ќе го откупи остатокот од неговиот договор во вредност од 20 милиони фунти ќе го добие неговиот потпис.
Во игра биле три клубови.
„Клаузулата во неговиот договор беше новина за тоа време и многу клубови се исплашија. Тие кои беа навистина заинтересирани беа Интер, Лацио и Глазгов Ренџерс. Понудата од Глазгов беше неверојатна. Ни рекоа дека не мора да игра за викенд во шкотското првенство. Беа очајни да ја освојат Лигата на шампионите и беа подготвени да му дозволат да игра само на европските натпревари. Но Интер го следеше уште додека играше во Бразил и беше првиот клуб кој ги даде парите за него“.
Роналдо потпиша за Интер, но за пет сезони освои само Куп на УЕФА. Потоа следуваа неговите три дестинации во Реал Мадрид, Милан и Коринтијас.