„Првиот скејт што го земав не беше мој, но брзо сфатив дека тука не ти треба да слушаш тренер или да се потпреш на соиграчите. Возењето скирол може да биде како што сакате, без да се држите до некој стил. Кога играв кошарка или бејзбол, не напредував. Кога возев скејт, секој ден сè подобро се чуствував“, вели Хоук.
Триковите во воздух, скејтерите ги започнале во '60-те и '70-те години и некако го совладале скокот од 360 степени (познат меѓу скејтерите како „трисиксти"). Уште десет години требало скокот да се развие до 720 степени, а во средината на '80-те и почетокот на '90-те години, скокот со две полни салта и чисто приземјување изгледал невозможен.
Така скејтерите добиле нов, опасен и ризичен предизвик да скокнат „900" (чиста деветка).
„Во 1987. година пробав да направам „900" кога бев во Франција. Неколку пати паднав опасно на грб и беше ужасно", се сеќава Хоук на почетоците.
Тони решил да направи пауза, а враќањето на скиролот било инспирирано од конкурентот Дени Веј кој бил помлад од него и на кој му успеал потегот „900" но со приземјување на задникот. Хоук тогаш поверувал дека „900-та" е возможна.
„Видов што направи Дени и мислев дека е луд. Просто тоа што направи „900" е неверојатен подвиг. Решив дека еден ден ќе го направам тоа со приземјување, иако веќе бев во тие години кога беше потребно да се пресмета ризикот. Но и онака веќе бев прекршен", раскажува Хоук.

Во јуни 1999. година Тони отишил во Сан Франциско на големото светско натпреварување во екстремни спортови X-Games. Тогаш најголемиот скејтер на сите времиња имал 31 година, а „900"-та на другите скејтери им делувала недостижна. Проблемот не им бил толку да направат скок со две салта во воздухот, туку тешко им било правилното приемјување.
Хоук се сеќава на сите претходни обиди да направи чиста „900": "Еднаш се обидов и скршив ребро, ми прсна реброто, потоа го повредив грбот, а друг пат едвај ми ја спасија ногата. Се што можеше да тргне по зло, тргна. Почнав да мислам: Ова е просто невозможно да се изведе".
На X-Games тој настапувал во дисциплината „Најдобар трик" и почуствувал дека е спремен. Во крајна мера, цело време си повторувал во себе: „Решив дека или ќе го изведам ова, или ќе ме земат од тука со амбулантна кола. Нема трето".

Во својата автобиографија, Тони Хоук детално објаснува што му се случувало во главата ноќта пред турнирот: „Во почетокот се смирував, но постепено станував немирен. Сакав се да помине што побрзо. Сфатив дека не си одам од тука додека не направам 900-ка со приземјување. Немаше назад. За цели 13 години пробував да го изведам триков и сега ако се повлечев ќе испаднев кукавица", пишува Тони.
Дон Бостик, еден од организаторите на X-Games раскажува уште една верзија: „Таа финта беше идеја на целиот настан и на водечките луѓе. Му кажав на Тони: Еј, ќе правиш ли 900-ка? Ми се сврте и бледо ме погледна. Уште сум убеден дека вечерта немаше смелост да проба". Адреналинот растел како што проаѓало времето.
Хоук бил прв во оваа дисциплина. Кога почнал настанот, тој ги завршил сите обиди и времето, но кога публиката, организаторите и натпреварувачите сфатиле дека Хоук сака да го изведе скокот до крај, му дале да продолжи. Дури од единаесетиот обид, Тони Хоук станал првиот човек на светот кој официјално ја направил „900-та". Тоа било главна вест на многу американски и европски канали.
„Лудилото почна. Ми ѕвонеа, ме бараа, дадов еден куп интервјуа. Цел свет дозна за „900", вели Тони.
Неколку месеци подоцна, Хоук ги продал правата на видео играта по име Tony Hawk's Pro Skater која што стана мега-хит во светот. Скејтот и скејт-културата добила нов рафал на популарност во САД. Тони денес е бизнисмен. За него пишуваат и економските магазини, не само спортските а според различни процени, неговото богатство се проценува на 120-140 милиони долари. Се занимава со игри, скејт турнири, точаци, спортска опрема, курсеви, продава опрема и разни реквизити.
Сепак, дека времињата се менуваат и дека ништо не е невозможно докажал еден млад скејтер со ново светско чудо. Во 2011. година, 12-годишниот скејтер Том Шар влегол во легендата како првиот човек кој направил „1080":
Но овојд ечко ќе мора да пројде многу голем пат пред да го запознаат толку луѓе колку што го знаат Тони Хоук.