Кој е ученикот што дава голови за Ливерпул?

Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.

Ливерпул како по обичај е во лов на големи играчки имиња во обидот да се врати меѓу европската елита во блиска иднина, но Јирген Клоп можеби го најде бисерот на долги патеки, 16-годишниот Бен Вудборн.
 
Тинејџерот го привлече вниманието со одличните настапи во пред-сезоната и на подготовките веќе даде неколку гола, од кој најубав беше оној против Виган во неделата (2:0).
 
И покрај англиското потекло, Бен веќе заигра за младинските селекции на Велс и капитен е на оваа репрезентација до 17 година што во принцип не значи дека нема да заигра за сениорската репрезентација на Англија еден ден. Во Велс го споредуваат со Арон Ремзи иако се работи за различен профил на фудбалери од офанзивниот дел. Вудборн игра зад напаѓачите, а може да игра и сам во нападот.

„Вудборн настојува да игра во нападот. Го влече топката", изјави Клип после победата над Флитвуд во пријателската. Минатата сезона Вудборн го постигна едниот од најубавите голови во младинската лига, на дербито против Манчестер Јунајтед.

На 15 години Бен стигнал до тимот на Ливерпул до 18 години (У-18), а на 16 години (пред еден месец е на распуст од школо), Вудборн заигра за првиот тим на мечот против Флитвуд на кој даде еден гол и еден му намести на Фирмино.

На контото на Вудборн сега има 2 гола и 1 асистенција во дуелите од предсзонат. Клоп најверојатно ќе го земе Бен на турнеата со сениорите во САД.

Дес Маер, тренерот на Ливерпул У-16 за Вудборн има исклучитено убаво мислење: „Работев со Бен во последните две сезони. Неверојатно е што секој ден тој доаѓаше прв на тренинг и во вежбална и последен заминуваше", вели Маер кој се консултирал со Клоп околу малиот во првиот тим.