Необична сторија стигна од Шкотска каде Карамоко Дембеле, 13-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска дебитираше за вториот тим на Селтик. Дембеле влезе во 81’ минута (наместо најмладиот првотимец во историјата на Селтик, 16-годишниот Џек Ачистон) и ги одигра последните 9 минути во триумфот против Хартс (3-1).