Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Необични прашања за новата сезона во Шпанија

Не пишуваме само за Барса и Реал. Нас нè интересира каков фудбал ќе игра Гранада со Пако Хемес, нè интересира како ќе изгледа хипстерскиот состав на Лас Палмас со Боатенг и Ливаја, што ќе направи Сампаоли со Севиља и што ќе биде со Нани во Валенсија?

Забивањето на Радуљица преку Шариќ

Кошаркарите на Србија го добија балканското Ел Класико против Хрватска со 86:83 и се пласираа во полуфиналето на Игрите во Рио каде ќе играат против Австралија. Момент на мечот беше забивањето на кошаркарот на Милано, Мирослав Радуљица над Дарио Шариќ. Во второто полуфинале САД во дербито ќе игра против Шпанија.

Валенсискиот Санчо Панса - легендата на Местаља

Играчите заминуваат, управите се менуваат, тренерите си одат, само тој останува, верен до крај на клубот на кој му служи цели 55 години. Приказната за најсаканиот лик на Местаља во Валенсија.

Не знам каде е мајка ми, но сигурен сум дека е горда на мене

Не е фудбалер, ниту кошаркар. Новиот јунак на Бразил го освои златото и постави нов олимписки рекорд во скок со стап. Немал среќно детство затоа што мајка му го оставила кога уште не проодил.

На Хусеин Болт не му оди баш пеењето

Откако освои злато на 100 метри, Хусеин Болт во Рио го очекуваат уште две дисциплини во кои е главен фаворит за златниот медал. Во меѓувреме покажа дека нема баш слух и глас за пеење. Проба со песна од Боб Марли.

Најдобриот потег на ОИ во Рио е дело на две атлетичарки

На ОИ се стигнува за да во најсилна конкуренција се покаже што се остварило до тогаш во кариерата. Личен рекорд, злато и прв медал се предизвици, но олимпизмот учи да не заборавиме дека сме луѓе.

Незапамтена саботажа од ривалски навивачи во Букурешт

Ај што на теренот изгубија 0:5 од Манчестер Сити, луѓето од Стеауа Букурешт доживеаа дополнителен срам, откако навивачи на Динамо Букурешт камуфлирани во организатори на кореографија го величале својот клуб на стадионот на најголемиот ривал.

Играј Дота сине и направи милиони

Дека гејмингот е сериозна заебанција пишувавме лани кога наградниот фонд беше 18 милиони долари а победниците заминаа со 6,6 милиони. Годинава во финалето учествуваше и нашиот Мартин Саздов од Свети Николе, а наградниот фонд беше повеќе од 20 милиони долари.

Исто кога ќе помине девојка на улица, или се вртиш или не

Секој скаут има свој начин на работа. Критериумите се горе-долу слични, но методите на пристап до бараниот талент се различни. Понекогаш работат буквално како шпиони и гледаат што пие и јаде и каде излегува младиот играч.

Се фрли пред целта да освои злато на 400 метри

Атлетичарката од Бахамите, Шона Милер синоќа на неверојатен начин го освои златниот медал во трката на 400 метри на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

Од фудбалер на Реал Мадрид до продавач на книги во автобус

Некогашниот десен бек на бразилската фудбалска репрезентација и член на Рома и Реал Мадрид (со Бекам, Зидан), Сисињо неодамна призна дека долго време се борел со зависноста од алкохол. Додека бил во Рим пиел и до 18 коктели, а неретко и на тренинг одел поднапиен. Сметката му стигнала и сега продава книги во Рио де Жанеиро.

Првата Американка во хиџаб која освои медал

Почетоците ѝ биле ужасно тешки, во школо ја задевале поради тоа што носи хиџаб а по нападите на 11. септември 2001-ва, Ибтихаџ Мухамед била навредувана каде и да се појави на улица. Пребродила се, во Рио освои бронзен медал за САД и има порака за сите муслимани кои ѝ се обраќаат.

Кое е момчето што лудачки истрча 400 метри за светски рекорд?

Буквално од никаде, Вејд ван Никерк кој тргна од осмата патека на финалната трка мажи на 400 метри не само што стигна до златото туку го сруши и светскиот рекорд стар 17 години.

Напредокот на трката на 100 метри за 116 години

Томас Берк, првиот освојувач на златен медал на 100 метри во Атина 1896 е побавен од Усеин Болт во Лондон 2012 за 2,4 секунди или неполни 20 метри. 

Олимписко злато после проблеми со наркотици, алкохол и психа

Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.

Новиот светски рекорд на 400 метри

Додека Болт направи хет-трик во златни медали на 100 метри, ноќ за паметење во атлетиката се случи и на 400 метри. Вејд ван Никерк од Јужна Африка победи со време од 43,03 секунди и со тоа му го сруши светскиот рекорд на легендарниот Мајкл Џонсон кој 17 години го држеше приматот со време од 43,18.

Златната убавица од Порторико

Моника Пуиг е тенисерката која на Порторико му го донесе првиот златен медал во историјата на Олимписките Игри.

Болт на 100 метри во Пекинг, Лондон и Рио

Дека е најбрз човек на планетата, тоа е јасно, само прашање е времето кое ќе го оствари. Со синоќешното финале на 100 метри, Усеин Болт испиша историја и стана прв атлетичар со три олимписки златни медали на оваа трка.

Почна Премиер лигата, ај малку статистика

26 години не се случило шампионот да загуби во прво коло. Месец август на Свонси им носи среќа. Конте не е навикнат да губи во првенство. Негредо гаѓа од прва. Манчестер Јунајтед го има човекот со најмногу асистенции од Бундес и ако не освои титула тоа ќе им биде најдолга серија.

Србите им ја сокрија топката на Американците

Иако селекцијата на Србија имаше очаен старт на дуелот со САД и за 7 минути губеше 23:5, сепак избраниците на Александар Џорџевиќ ја стегнаа играта и загубија само три разлика од големиот фаворит. Ова е нивната најубава акција на мечот.

Ветувањата на кинеските газди

Или “кога најдобриот тим во Европа“ ќе загуби од четвртолигаш и ќе испадне во втора лига.

Ја знаете ли инспиративната приказна за Ерик Јагулата?

Прекарот му го дадоа медиумите откако неговото име за прв пат излезе во Тајмс на Олимписките игри во Сиднеј. Ерик исплива двојно побавно од тогашниот светски рекорд на 100 метри слободно, но тоа беше рекорд за неговата земја, каде што учел пливање од рибари.