Најверниот кабинер во фудбалот

Валенсискиот Санчо Панса - легендата на Местаља

Играчите заминуваат, управите се менуваат, тренерите си одат, само тој останува, верен до крај на клубот на кој му служи цели 55 години. Приказната за најсаканиот лик на Местаља во Валенсија.

По големата победа на Валенсија над Малага од 3:0, играчите веќе влегоа во своите луксузни автомобили, многу навивачи чекале на фотографија со Пако Алкасер, а чистачите собирале вреќи со испиени лименки пиво.
 
Во тој момент од портокаловите врати на најстариот стадион во Шпанија на теренот излезе 77-годишниот Бернардо Еспањета. Во исто време многу навивачи сакале да се сликаат со него. Сите што гледаа на телевизија не можеле да сфатат кој е тој симпатичен старец на кого трибините редовно му скандираат: „Еспањета! Еспањета!“. Името на овој херој е Бернардо Еспања Едо, а Еспањета е неговиот познат прекар.
 
Шпанците сакаат да даваат прекари во фудбалот, посебно на своите миленици. Така на пример во Валенсија Гиљермо Горостиза беше „Црвениот куршум“ (La bala roja), Клаудио Лопез „Вошката“ (El Piojo),  Давид Виља астуриското „дете“ (El Guaje). Правото име на Бернардо малкумина го знаат, но за фудбалскиот свет тој ќе остане Еспањета, човекот кој за Валенсија дал повеќе од било кој фудбалер.

Во Шпанија, луѓето одговорни за соблекувалните и опремата ги нарекуваат утиљеро (utilero) кај нас познати како кабинери. Благодарение на Еспањета, зборот утиљеро добил многу нови значења. Сека утиљеро не е само кабинер, туку и талисман на клубот и најдобар другар на играчите, тренерите, навивачите.

Фудбалот отсекогаш го интересирал Еспањета и во детството играл за „Хуракан“ од своето место. Целта му била да заигра во првиот тим од родниот град. Бернардо почнал да навива за Валенсија на почетокот на ’40-те години и се восхитувал на познатата “delantera eletrica“ (електричниот напад) на Валенсија кој го предводеле Висенте Асенси, Амадео Ибањес, Епифанио Епи Бериди и Гиљермо Горостис.

Бернардо мечтаел да игра за Валенсија, но на 16 години со брат му имал тешка сообраќајна несреќа во која за среќа преживеал, но ја повредил Ахиловата пета и морал да заврши со фудбалот. Меѓутоа, сонот не го изгубил и натаму сакал да биде дел од Валенсија.

Од тој момент Еспањета почнал да доаѓа на Местаља и го вработиле како кабинер во Валенсија Б, вториот тим на „Љиљаците“ каде го добил легендарниот прекар. Така младиот Бернардо Еспања не можел да замисли дека 60 години подоцна целиот стадион каде го минал детстовото, ќе му го скандира името.

Почнал да бега од школо за да има повеќе време да ја среди опремата на младинците. Стоел зад голот и ги собирал топките на тренинзите. Така станал полноправен утиљеро на младиот тим.

После пет години успешна работа на Местаља, Еспањета го вклучиле во првиот тим, истиот оној каде играле неговите омилени фудбалери. Бернардо одлично се сложувал со сите играчи и никогаш немал проблем со упраата.

За само неколку години од дете кое бегало од часови да собира топки зад голот станал главен кабинер во првиот тим на Валенсија. Еспањета правел се за своите „деца“ (чикос - како што самиот ги нарекувал). Последен заминувал од стадионот или од тренинг кампот. Дали Валенсија играла дома или на гости, соблекувалната секогаш била спремна за натпреварите.

Пред секое плакарче имало уредно оставена чиста опрема и копачки а Еспањета бил спремен за секакви временски услови. 

Го нарекле валенсискиот Санчо Панса. Со текот на годините Еспањета станал малку мрзоволен и препознатлив по својот округол стомак. И покрај годините тој до крајот на минатата сезона патувал секаде со екипата и со многу љубов ја спремал соблекувалната. Конечно во новата сезона ќе има почесно место во ложата на Местаља, затоа што веќе физички не можел да го издржи напорот што го носи професијата кабинер.

„Додека тие се тушираат, јас им ги собирам копачките и опремата и ја подредувам на свое место“, вели Еспањета кој посебно ја негувал 9-та на Роберто Солдадо.

Низ неговите раце поминале илјадници копачки на играчите на Валенсија меѓу кои и оние на ѕвездите Валдо, Пепе Кларамунт, Марио Кемпес, Раинер Бонхоф, Гаизка Мендиета, Висенте, Аимар, Клаудио Лопез и Давид Виља. И сите тие на посебен начин го обожавале Еспањета.

Тој е симбол на Валенсија и ужива голема почит кај навивачите.

„Излегувам да шетам со кучето и сите ми бараат автограм“, вели Еспањета кој потпишал повеќе топки и карти од било кој друг фудбалер на планетата. Учествувал на многу забавни акции, на пример на традиционалниот и голем празник Лас Фаљас, жителите на Валенсија му направиле голема фигура со неговиот лик, а еднаш снимал и рекламен спот за продажба на сезонските карти за постари луѓе на кој наводно го крадат од Реал Мадрид.

За целиот престој на Еспањета во Валенсија, славниот клуб освоил дури 15 трофеи. Меѓу нив три титули во Ла Лига, 4 Кралски Купа, Куп на УЕФА и шпански Супер Куп. Со „Лилјаците“ Еспањета бил и во втората лига. Кога се вратиле во Примера кон крајот на ’60-те, Еспањета славел со целиот град, но и плачел кога Валенсија загуби две финалиња на Лигата на шампионите.

Последната сезона беше многу несреќна за „Љиљаците“, но и покрај тоа Еспањета мирно ја работел својата работа. Тренери се менувале, играчи заминувале, управи си оделе, но единствено верен останал Еспањета, човек кој го сакаат сите играчи, а најмногу Шкодран Мустафи.

„Имаме најдобар тим на планетата“ - викал Еспања кога се појавил на првиот собир за сезоната 2016/2017. Заедно со претставувањето на играчите за новата сезона, традиција на Местаља е да излезе и Еспањета.

Пред дуелот од ревијалниот турнир «Trofeo Naranja», Еспањета го направи својот легендарен гест со двата прста од двете раце кренати во вис. Тоа е знак за почетокот на новата сезона.

25 играчи го испратија во заслужена пензија својот сакан утиљеро. Меѓу нив Хуан Санчес, Рикардио Ариас, Воро Гонзалес, спортскиот директор Сусо Гарсија Питарч и неговиот помошник Висенте Родригез. Ниту еден фудбалер не го носел дресот на „Лилјаците“ колку Еспањета. Луѓето стоечки му аплаудираа и скандираа, а тој заплаче кога ја доби плакетата за животно дело. „Валенсија е се за мене“- на валенсиски акцент изјави 78-годишниот Еспањета.

Вечерта, како и во претходните 55 години последен ја напуштил Местаља кога се гаснеле рефлекторите. Бернардо Еспањета веќе не може да средува опрема и копачки, но и натаму ќе остане најголем навивач на Валенсија кој ги знае сите нејзини тајни и ги памети најсреќните моменти во историјата.

Сега за него може да се каже дека ги закачил копачките на клин. Како прав утиљеро.