1, Ако сакате да замислите еден Лестер во Шпанија, зошто тоа да не е Малага? Хави Гарсија зад себе остави многу организиран тим, кој сега ќе го предводи Хуанде Рамос. Диего Љоренте (Реал Мадрид), Кузмановиќ (Базел) и Сандро (Барселона) се играчи кои не се многу познати, но се доволно квалитетни да ја оддржуваат екипата во горниот дел од табелата.
2. Колку голови сезонава ќе прими Атлетико? Во шампионската сезона, екипата на Диего Симеоне прими 25 голови а лани само 18. Облак, Савиќ, Лукас, Хименес и Веласкез станаа постари и поискусни, тука се и ветераните Годин, Филипе Луис и Хуанфран кои никаде не заминаа. „Шпанската кујна“ предвидува дека Атлетико би можел да прими 15 голови сезонава во првенството.
3. Може ли Пако Хемес да ја размрда Гранада? Рајо Ваљекано под водство на шпанскиот стручњак беше една од највеселите екипи во Примера, но за жал во последното коло испадна во Сегунда. Виновен за тоа не беше само самоубиствениот стил на игра на тренерот, но и финансиската состојба во клубот. Во Гранада финансиите се пристојни, но со исклучок на втората полусезона лани, екипата играше досаден фудбал.
4. Меси или Роналдо? Двајцата гиганти од Ла Лига доживеаа емоционално лето - едниот го освои Европското иако мораше да излезе во финалето поради повреда, а другиот загуби во финалето на Копа Америка, се повлече од репрезентацијата после што нацијата го молеше да се врати. Во трката за Златната топка, Роналдо во моментов е пред Меси кој летово ја изненади јавноста откако се избланшира плав. Тоа сигурно нема да му пречи да тргне по титулата најдобар стрелец.
5. Осасуна се врати, може ли да очекуваме галама?
Влегувањето од Сегунда во Примера после плејофот само по себе беше трилер за тимот од Памплона чијшто домашен терен е ноќен кошмар за секој противник. Осасуна можеби не е гостинска екипа, но домашниот терен им важи за еден од најжестоките во Шпанија.
6. Сампаоли нов чудотворец во Севиља - премногу добро за да биде вистинито?
Чилеанецот кој со репрезентацијата на својата земја освои две титули во Копа Америка, ќе треба да го носи товарот на пост-емериската ера. Оптимистите гледаат нови трофеи, а песимистите сметаат дека Сампаоли за успешен тренер на Севиља е премногу добро за да биде вистинито.
7. Можно ли е Ариц Адурис со 36 години уште да игра добро?
Шпанскиот Бенџамин Батон од година во година се изнадава голови - 14, 16, 18, 20. Логички и математички би требало да погодите колку би можел да даде на крајот на сезоната.
8. Која екипа ќе освои најмногу бодови против гигантите? Сосиедад освои 15 бодови за 3 сезони со тоа што Барселона по традиција ги остава бодовите на „Аноета“. Валенсија освои 17 против големците за три сезони, Севиља 13 а Виљареал 14 бодови за три сезони. Годинава Атлетико Билбао би можел да има успешна берба против големите екипи.
9. Ќе биде ли Нани одговор на сите прашања во Валенсија?
Откако Пако Аистеран остана тренер (ги подобри работите после Невил), клубот се збогува со главниот играч Андре Гомеш кој замина во Барселона, Софијан Фегули (Вест Хем), Алваро Негредо, Пабло Пјати и Антонио Бараган. На Местаља пристигнаа Монтоја и Нани. Не е јасно дали клубот размислува за Европа следната сезона.
10. Зошто Марселино доби отказ на местото главен тренер на Виљареал?
Ова е реторичко прашање, затоа што Марселино ги наруши односите во соблекувалната а капка која што ја пролеа чашата беше суспензијата која што му ја врачи на главниот командант во одбраната, Матео Мусакио. Најсемејниот клуб во Шпанија со хиперактивен претседател не најде компромис и од ситуацијата загубија сите. Виљареал го загуби првиот меч од плејофот за ЛШ против Монако дома 1:2.
11. Лас Палмас со Кевин-Принс Боатенг - Способни ли се да играат хипстерски фудбал во борбата за средина на табелата?
Ако не го гледате шпанското првенство, треба да знаете дека Лас Палмас е симптачен тим со шарени резултати. Во еден момент лани беа меѓу првите 5 екипи на табелата, а во втората полусезона избраниците на Кике Сетена не само што играа добар фудбал туку на време го обезбедија опстанокот. Триото Араухо-Виеира-Боатенг е практично напаѓачкото трио на Барса за сиромашни.
12. Може ли Асенсио да ја избегне судбината на Иско и Хамес?
20-годишниот Шпанец лани играше фантастично во Еспањол, поради што Реал го доведе во Мадрид. Непрекинатите гласини за продажбата на Иско и Хамес не го плашат младиот Асенсио кој ќе треба да најде место во традиционално тешката конкуренција. Но Зидан го менува трендот во последно време и им дава шанса на младите.
13. Ќе го гледаме Депортиво Џекил или Депортиво Хајд?
Првиот освои 27 бодови за 17 кола и 6. место во првата полусезона, а вториот 15 бодови за 21 коло и за малку не испадна од елитата. Ако го изучувате составот на Депор скролајте до името Лукас Перес, застанете некое време кај него, а потоа скролајте пак.
14. Ќе зажали или не Симеоне за ангажманот на Борха Бастон?
Атлетико во нападот има еден куп млади играчи кои се калеа на позајмици. Бастон не се снајде во воениот систем на Чоло и замина во Свонси. Симеоне ги има во нападот Гамеиро и Гризман, но штета ќе биде талент како Борха Бастон да се открие под друго небо од шпанското.
15. Како ќе изгледа Токеро повторно во Примера?
Ветеранот се враќа со Алавес во најдобриот шпански фудбал. Одличниот ќелавко се изнадава голови на времето во Билбао а сега во сино-белиот дрес ќе се бори за опстанок во лигата. Секој од читателите кој го памети финалето на Купот на УЕФА меѓу Алавес и Ливерпул пред 15 години, со симпатии ќе гледа на шпанскиот клуб сезонава. Алавес долги години се мачеше во пониските лиги поради што управата смени неколку тренери а нов е Маурисио Пелегрено кој прави кам-бек во Шпанија после неколку години работа во Аргентина.