Шона Милер ја истрча патеката за 49 секунди и 44 стотинки, а зад себе ја остави фаворитката за златото, Американката Алисон Феликс која истрча време од 49,51 секунда. Милер го освои златото откако во финишот буквално се фрли преку целта.
„Не знам што се случи. Прво ја слушнав мајка ми како вришти и помислив: Добро е, изгледа победив“, изјави Милер веднаш по триумфот.
Бронзата ја освои Шерики Џексон од Јамајка која истрча 400 метри за 49,85 секунди.