Offside

Имало неверојатни резултати во еврокуповите но ретко кога се случило нешто како синоќа на мечот Лех Познањ - Орхус. На првата средба минатата недела полскиот шампион Лех славеше со убедливи 1-4 на гости во Данска. И реваншот синоќа требаше да делува како мирна рутина и пласман во следно 3. квалификациско коло од Лига на шампиони.

Суарез шоу, титулата останува во Барселона

Депортиво Ла Коруња - Реал Мадрид 0:2, Гранада - Барселона 0:3. Пирова победа на Кралевите кои не дочекаа кикс на Каталонците кои ја одбранија титулата во шпанското фудбалско првенство, вкупно 24 во историјата.

Осум саботни предлози

Последно коло во најсилните првенствени лиги, последни обиди за да стигнеме до добитен тикет со помош на предлозите на Мирјана.

Нов трик на Роналдињо

За време на 66. Конгрес, ФИФА организираше натпревар меѓу поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди против познатите играчи од Мексико. Дуелот го одбележи Роналдињо со неверојатен потег.

Што им значи 13 мај на Инѕаги и Дел Пјеро

Денешниот ден не им значи многу само на нив, туку и на Милан, Јувентус и навивачите кои се збогуваа со нивните идоли кои ќе останат две легендарни имиња кои секој клуб би ги посакал.

Терористички напад на фан клуб на Реал во Ирак, има жртви

Група наоружани терористи влегле во фан клубот на Реал Мадрид во Ирак и убиле 16, а повредиле 20 лица, некои од нив посериозно.

Кога место топката ќе влезеш во гол

Мао Биао го има најсвежиот пример на ситуација во која е потешко да се промаши отколку да се даде гол.. Се работи за меч од кинескиот куп и шанса при водство на неговиот тим од 7:1 во која не е работата до резултатот, него до тоа што успеа да и ја земе улогата на топката.

Чистината на капитенот Паоло Малдини

Кога во кариерата ќе немаш ниту една дамка, екцес, намерен фаул, инцидент, скандал, а си одиграл повеќе од 600 меча за клуб и репрезентација, тогаш значи дека си Паоло Малдини. Едноставно единствен.

Двојникот на Варди стана славна фаца во град

Лестер да не станеше шампион, животот на двојникот на Варди ќе останеше ист и никој немаше да го знае, а сега тој стекна до толку популарност што добил покана и да учествува на Големиот Брат.

Штраус од Грбавица незаборавен во Австрија

Едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, во кариерата играше за Жељезничар, Цволе, Стразбур, Седан и Валенсиен а беше тренер на Жељо, Партизан, Панатинаикос, селектор на Југославија и Јапонија. Најголем успех оствари во Австрија каде му приредија голем дочек.

Руски хулигански план за ЕП 2016

Големите натпреварувања како што е Европско првенство секогаш се десерт за хулиганите од разни земји кои ќе имаат прилика одново да се докажуваат преку глупоста наречена насилство. Полицијата има полни раце работа пред почетокот на турнирот.

Дресови на денот

Ако овој клуб пател од внимание, сега ќе го има. Се работи за шпанскиот четвртолигаш Клуб Депортиво Паленсија кој соработува со најлошиот дизајнер.

Не знам многу за фудбалерите во лигава, но тие знаат за мене

Со оваа изјава Златан Ибрахимовиќ пристигна во ПСЖ во 2012 година. Одигра 4 титули за 4 сезони, три пати стана најдобар стрелец во Лига 1 и по 152 постигнати гола на 178 средби денеска официјално го најави своето заминување од Париз. По што тип на изјави го знаеме.

Патот на Џузепе Роси, детето кое спиело во дресот на Шевченко

Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.

Колку пари изброија португалските клубови од трансфери

Одговорот е 1,8 милијарди евра за 16 години. Колачот се поделил вака. Од 2000 година Порто продал играчи за сума од 847 милиони евра, Бенфика за 572, а Спортинг за 206. Останатите 210 милиони евра ги броеле поситните риби. Најскапиот трансфер во португалскиот фудбал и натаму е оној на Хулк кој од Порто во Зенит пред 4 години замина за 60 милиони евра.

Офсајд лик: Рафа Бенитез

Иако не е целосно виновен што еден Њукасл каде играше Алан Ширер ќе оди во втора лига, бидејќи го водеше на само 10 меча, не може да не го ставиме во оваа рубрика човекот кој го освои историското финале во ЛШ против Милан. Едноставно не му личи да биде второлигаш.

Кој продава најмногу дресови годинава

И покрај тоа што Челси има сезона за заборав, тоа не значи дека навивачите не влегуваат во фан шоп. Продажбата на дресови за разлика од лани им е зголемена за нешто повеќе од една третина, а само еден процент повеќе од нив продаваат Баварците.

Вратарот и Карлос Пујол во Мексико Сити

Легендата на шпанскиот фудбал отишол да седне во едно место во Мексико Сити за да гледа полуфинале, а таму вратарот му кажува дека е полно. Пујол ги догавара другарите и со 4 фори седнуваат на пијалак. И сè во склоп на реклама за Хајнекен во Лигата на шампионите.

Шпанците сакаат таа да им суди

Фернанда Коломбо, родена 91-ра во Бразил почна како линиски судија, стана многу популарна, а успеа да се пробие и како главен судија во бразилската Серија А. Марка тврди дека таа има шпански корени и дека може да суди во Ла Лига. И после ако не му дели картони на Роналдо сите ќе трубат дека имаат нешто.

Потивко, мастерот држи предавање

Кака, Роналдињо и Ривалдо играа во различни клубови, освојуваа многу пехари на други страни, но беа согласни во едно. Техниката ја подобриле благодарение на Феноменот.

11 клубови, 1 трофеј - Валери Божинов

Бугаринот Валери Божинов има ресепктабилна кариера. Играше во Јувентус, во Парма, во Манчестер Сити, во Лече, смени вкупно 11 клубови за на крајот да го освои првиот трофеј и тоа во српскиот куп со Партизан.

Изгледа дека Белгија само ќе напаѓа на ЕП

Марк Вилмотс го објави официналниот состав за ЕП 2016 од кој ќе отпадне само еден играч. Во одбрана повредениот Компани ќе го менува 20 годишниот Џејсон Денајер од Галатасарај, но она што е најинтересно за издвојување е неговиот избор во напад. Според оваа најава од Фудбалската федерација на Белгија, тој се реши да патува во Франција со четворица играчи од среден и ред и дури 8 напаѓачи.