На Олимписките игри во Пекинг, Фелпс имаше 23 години, а сега има 31. Таа разлика во години значи и голема разлика во начинот на исхрана. На пример сендвичите со пржени јајца и чоколадните палачинки ги замени со овесни снегулки и овојше.
Храната која ја консумираше претходно изгледа како храна за 10 души. Сега не јаде тестенини и повеќе сака пилешко на скара и мексиканска храна.
„Не внесувам многу калории дневно. Едноставно јадам тоа што ми е потребно. Не сум фан на тестенини, но тогаш морав да ги јадам“
Тоа што ги промени своите навики за јадење е логичен и за експертите. Сега тренира помалку од два до четири часа на ден, а тогаш тренираше пет часа дневно, шест пати во неделата. Постар е, што значи дека метаболизмот не му е ист како пред 8 години кога повеќе ги горел калориите во базен.
Плус изборот на храна сега му е поздрав, а во 2008-ма не се внимавало толку на исхрана како сега, смета Џенифер Суго, нутриционист од Канада која работи со спортисти од атлетика, гимнастика и триатлон тимови.
„Многу спортисти почнаа да внимаваат на тоа каква улога има исхраната во перформансите и долговечноста. Во раните фази на кариерата, тие не обрнуваат внимание на исхраната, млади се и не ги забележуваат ефектите. Но кога се повозрасни, позрели се, страдаат од повеќе повреди и ги стигнуваат годините. Кога ќе се запознаат со нутриционизмот, гледаат дека тоа влијание на нивните настапи, нивната способност за поправка и опоравување. Фелпс тогаш беше помлад, јадеше повеќе, пливаше повеќе и побрзо ги гореше калориите. Сега може да јаде што сака, но подобро е да прави стратешки избор околу исхраната. Тоа е многу важно и за обновувањето“, вели Суго.
ПЕКИНГ 2008 – 12.000 калории на ден
Појадок:
- Две кафиња
- Житарици
- Омлет со 5 јајца
- Француски тост
- Сендвич со мајонез, три пржени јајца, сирење, карфиол
- Три палачинки со чоколадо
Ручек:
- Едно кило тестенини
- Два сендвичи со мајонез, шунка и сирење
- Енергетски пијалак со 1.000 калории
Вечера:
- Едно кило тестенини
- Пица и неколку енергетски пијалаци
РИО 2016 – 3.529 калории на ден
- Голема чаша со овесни снегулки
- Голем омлет со шунка и сирење
- Свежо овошје
- Кафе
- Голем сендвич со ќофтиња
- Две чинии со храна од зрна
- Месо
- Свеж зеленчук