Македонија, Виетнам и Доминиканска република, тие сме

ФИФА ја објави августовската ранг листа, а тоа за нас е нова фрустрација кога ќе видиме со кого сме на исто рамниште.

Во период кога нема активности, македонската фудбалска репрезентација рипна едно место и сега е 138-ма фудбалска земја во светот. За едно место напреднаа и Виетнам и Доминиканска република, селекции кои имаат 243 бодови, исто колку Македонија.

Промени нема ниту кај нашите противници во мундијалските квалификации. Шпанија е на 8 место, Италија на 10-то, Албанија е 37-ма, Израел 76-ти, а Лихтенштајн на 182 позиција.

Во топ 10 остануваат Аргентина, Белгија, Колумбија, Германија, Чиле, Португалија, Франција, Шпанија, Бразил и Италија.

Квалификациите за СП Русија 2018 ги започнуваме на гости против Албанија на 5 септември.

11 август 2016 - 14:12