Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Прва победа на Унгарија на Европско после 16.068 дена

Во првиот меч на едно Европско првенство после 44 години, Унгарците со 2:0 ја совладаа Австрија и ги освоија првите три бода во групата.

Зошто Италија е најуспешна фудбалска нација во историјата

Кога Италија игра финале се забораваат сите поделби во земјата поделена на региони, бидејќи на сцена стапуваат најлукавите фудбалери кои знаат да одговорат на сите можни тактики поставени од тренерот. Италијанците се рекордери со 38 трофеи, имаат освоено 4 Мундијали, а фудбалот им е во крвта уште од времето на Мусолини.

Најлудиот лизгачки старт на ЕП 2016

Нема фудбалер на ова Европско првенство кој може вака да покоси двајца. За англискиот навивач џабе е и црвен картон за овој груб и безобразен старт врз двајцата невини жртви.

Ново шоу на Ирците, сега со Французин на балкон

Ирските навивачи се најблизу до приматот најдобри, највесели и најведри навивачи. Не само на Европското првенство, туку и општо. По циркузот со случајниот минувач, сега се навртеа околу една зграда во Париз.

Опомена пред исклучување за Русија

Фудбалската репрезентација на Русија ќе биде исфрлена од Европското првенство во Франција, доколку нивните навивачи направат уште една тепачка на стадион.

Голманот на Исланд е режисер, снима хорор филм и спот за Евровизија

Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.

Русите се снимале додека бркале Англичани

Со наслов „Руски Тур Д’Франс“, хулиганите од Русија објавија видео на кое се гледа како шпартаат по марсејските улици во „лов“ на Англичани. Во меѓувреме од Марсеј стигна веста дека 5 Англичани се во затвор, осудени по брза постапка.

Низ објективот на Копа Америка 2016

Што поради ЕП 2016, што поради термините во ниедно време слабо ја пратиме Копа Америка 2016, а треба. Во групната фаза Бразил беше посрамотен и елиминиран, а предвреме се прости и Уругвај. Сега на ред се осминафиналињата, а во пресрт на тие средби еве ја атмосферата од трибините.

Блатер призна за топли и студени топчиња на ждрепките

Посрамениот поранешен претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека некои ждрепки во УЕФА биле местени со стариот познат метод на топли и студени топки, но дека во ФИФА тоа никогаш не се правело.

Леброн и Ирвинг не се даваат, уште се игра

Голден Стејт имаше меч топка, во Оукленд Арената, пред своите навивачи кои беа спремни за титулата, но славјето им го расипаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со вкупно 82 коша.

Парфемот на Јоаким Лев

Германскиот селектор изгледа не користи интернет за да види на која тема беше зборен на минатите две Светски првенства, како и на ова Европско. Мрсули, задник, пенис и потоа во уста. WTF?

Grande Italia

Италија поведе од првата шанса на мечот преку Џакерини, а одличната тактичка поставеност и голема борбеност им овозможи на Аѕурите со 2:0 да го затворат мечот во 91’ минута.

Комичен автогол на Кларк за реми меѓу Шведска и Ирска

Добар и борбен меч на Сен Дени одиграа Ирска и Шведска. Ибрахимовиќ со асистенција го натера неговиот чувар Кларк да си даде автогол за конечни 1-1.

Два жолти картони за помалку од минута

На САД добро им оди на Копа Америка каде се изборија за осминафинале против Еквадор, но колку треба да не пазиш за да направиш вакви два несмасни стартови и потоа да те избркаат и следниот меч да го гледаш од трибина. Се работи за бекот на САД ДеАндре Једлин, кој е член на Тотенхем и е на позајмица во Сандерленд.

Денот кога Ѓорги Христов направи рекорден трансфер во новиот премиерлигаш

За Дарко Панчев познато дека е првиот Македонец кој заиграл во Серија А, но некои наши фанови можеби ја подзаборавиле приказната за првиот македонски фудбалер кој заигра во Премиер лигата. Тоа се случи на денешен ден пред 19 години во помал клуб.

Шпанија 12 години нема пораз на ЕП, Чесите капитулираа во 87’ минута

Шпанија триумфално ја започна одбраната на Европската титула освоена во 2012-та, откако денес ја совлада Чешка која одлично се бранеше до три минути пред крајот од мечот. 

Чекај, а УЕФА кој ќе ја казни за пропустите?

Раководството на УЕФА отвори истрага против Русија поради хулиганите а истовремено и се закани на Англија, но прашањето е кој ќе одговара за несоодветниот распоред на селекциите во градовите.

Ирците и случајниот минувач

По серијата тешки видеа за гледање од Марсеј, конечно стигна нешто интересно од Франција. Навивачите на Ирска почастиле пиво еден случаен минувач, па му ја испеаа фамозната песна за браќата Коло и Јаја Туре.

Не се кладете како Андријана Јаневска

Во плејадата прогнозери за средбите од Европско деновиве се огласија и нашите поп пејачи. Андријана Јаневска на пример типува на Холандија, селекција за која навивала уште пред 26 години, па дури и денес кога холандските фудбалери Европското го гледаат пред телевизија.

Петте натпревари на Шпанија одиграни на 13 јуни

Ако верувате во традиција, ама не во меѓусебни дуели, туку во малерозни датуми тогаш не се кладете денес на Шпанците. Историјата вели дека воопшто не им оди на 13 јуни, датум на кој немаат победа до сега.

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Што вели Модриќ за навивачот што влезе во терен

На мечот Турција - Хрватска на ЕП, еден навивач на Коцкестите влезе во теренот веднаш после голот на Лука Модриќ во првиот дел, за да го прослави погодокот со фудбалерите.

Најзаразната навивачка песна стигна и на Европското

Секогаш досетливите Ирци и Северно Ирци уживаат во Франција. Вториве преземаа една ретро песна после која сите сакаме нивниот напаѓач Вил Григ да даде гол на Европското.