Кристијано Роналдо е повикан на поширокиот список на фудбалската репрезентација на Португалија за претстојните натпревари против Данска и Велс, соопшти португалски Рекорд.
Капитенот на Португалија во моментов е под суспензија од Фудбалската федерација на 30 дена поради конфликтот со селекторот Жорж Жезус и напуштање репрезентација воочи на дуелот со Данска пред крајот на септември.
Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот доби и симболична казна од 255 евра од федерацијата.
Португалија после 4 кола во Лига на Нации има 4 победи на 4 натпревари, освои 12 бода и обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување. Кристијано Роналдо ја брка историската и јубилејна цифра од 1.000 постигнати гола на официјални натпревари во кариерата. Му фалат уште 18 погодоци.