Највозбудливото реми во Серија А

Кога од една страна ги имаме Бокшиќ и Салас, а од другата Шевченко и Веа, тогаш зборуваме за најносталгичното време на италијанскиот фудбал. Немаше потреба од барање место по кафулиња или да ти сецка некој стрим како сега. Имаше по три, четири, а потоа и по пет тв преноси секое коло.

Вечерва во 5. коло од Серија А се среќаваат Милан и Лацио, меч кој не потсеќа на едно друго 5. коло, ама пред 16 години. Тоа беше сезона на Лацио која во 1999/2000 славеше 100 годишнина од постоење и Скудето по пауза од 26 години.

На 3 октомври 1999-та и да 5. коло по некоја коинциденција, на распоредот бешеЛацио – Милан. Тогаш играа на Олимпико, а вечерва се среќаваат на Сан Сиро. И сега пазете ги составиве:

За Лацио: Маркеџани, Негро, Неста, Михајловиќ, Фавали, Консеисао, Симеоне, Алмеида, Верон, Салас и Бокшиќ. На клупа: Балота, Панкаро, Симоне Инѕаги, Манчини, Сенсини, Готарди и Станковиќ. Тренер: Свен Горан Ериксон.

За Милан: Абијати, Костакурта, Ајала, Малдини, Гуљиелминпјетро, Албертини, Амброзини, Сержињо, Џунти, Шевченко и Веа. На клупа: Роси, Сала, Хелвег, Бироф, Готи, Леонардо и Гатузо. Тренер: Алберто Ѕакерони.

Гледачи: 56.135 од кои 36.503 со годишни карти. Приходи од карти: 2,149.585 фунти.

Натпреварот е за паметење не само поради имињата, квалитетот и рангот на италијанскиот фудбалски шампионат, туку и поради возбудливите моменти и пресврти на терен. Зборуваме за оние епски 4:4, меч за сите времиња кој не се заборава.

Резултатот се одвиваше вака: 1:0, 1:1, 2:1, 3:1, 3:2, 3:3, 3:4, 4:4. Да не знае кој да биде незадоволен. Дали Лацио кој не успеа да го совлада актуелниот шампион против, а имаше 3:1 или Милан, кој со хет-трикот на Андриј Шевченко направи целосен пресврт. На крај изгледа ремито беше најреално.

Покрај трите гола на Шева, Михајловиќ си постигна автогол, но потоа изведе опасен корнер на прва статива по кој Абијати си ја смести топката во гол. Другите голови ги постигнаа Салас два и еден Верон. Синиша Михајловиќ како дефанзивец заврши како трет стрелец во клубот со 7 голови после Верон кој имаше 8, а Салас 11.

Лацио заврши прв на табела со бод повеќе од Јувентус, а Милан беше третопласиран пред Интер.

20 септември 2016 - 15:03