Човекот се вика Виктор Еменајо и игра за Шандах Кусар во Азербејџан, а го обвинуваат дека лаже за годините кои ги има. Во пасошот му пишува е роден во 1993 година во Нигерија, а медиумите во земјата каде што настапува пишуваат разни шпекулации. Едни веруваат дека има околу 30, а други дека е минимум 40 годишен.
Нигериецот ги отфрла обвинувањата.
„Како може некој да тврди или да утврди дека немам 23 години. Јас не сум измамник“, рече Виктор.
Тој претходно има играно во Уганда, а медиумите во Азербејџан пишуваат дека Виктор изгледа постар и од тренерот на неговиот клуб, Адил Махмудов.
Оваа приказна потсетува на Минала од Лацио кој пред три години се најде во многу весници во светот со иста дилема. Тогаш имаше 17 години и беше дел од младинскиот тим на Лацио, а пишуваа дека најверојатно има 42.
Италијанската фудбалска федерација го истражи случајот и се докажа дека Минала не лажел, туку дека боледува од ретка болест која го прави да изгледа постар. Минала тогаш се пошегува и ги покани сите кои се сомневаат во него на неговиот 18-ти роденден.
Виктор или е ист случај како Минала, или лаже суши. Брчки на 23 години не се добиваат.