Александар Волкановски како Александар Македонски

38-годишниот светски шампион во перо-лесна категорија во УФЦ сега во последно време го покажува и својот талент за „филмско платно“. Волкановски на 24-ти октомври го победи Мовсар Евлоев на главниот настан на УФЦ 333, а во меѓувреме снимил и неколку скеча, како реклама за австралискиот сајт Спортсбет.ком.ау.

Волкановски има улога на бренд амбасадор и промотер на Спортсбет.ау, компанијата за обложување која му е еден од многуте спонзори. Тој за потребите на оваа компанија снима промотивни видеа во облик на скечеви.

Така глумел меѓу другото и во скеч за Александар Македонски.

Клипот почнува со насловот „Великиот“ што се однесува на Александар Велики, како алузија на неодамнешниот филмски хит „Одисеја“ со Кристофер Нолан.

„Кога го видов Мет Дејмон како ја снима Одисеја со 'Нолеси' (Кристофер Нолан), јас бев како дај да ги земеме Грците да ви покажаеме како било навистина“.

Кога една девојка му вика дека изгледа како „навистина да ги видел ужасите од војните“, тој и враќа: „Сум го видел Ислам Махачев. Два пати“.

Волкановски снимил и скеч во кој оди во авантура во вселената а тоа видео е насловено „Да се истрае до крај“, скеч сличен на акциониот филм со Џејмс Бонд „Непокор - невозможна мисија“ и Мајами Вајс, пародија наречена Мајами КО.

Во овaa филмска пародија се појавува и постара агентка на „Стариот Волк (Волкановски), Беверли која ја има улогата на бескомпромисен агент на борецот. Беверли остро го критикува Волкановски во скечот што прифатил улога во независен филм кој не носи никаква заработка, а попатно го критикува и првиот човек на УФЦ Дејна Вајт на тема - заработката за борците.

27 октомври 2026 - 10:00