Новак Ѓоковиќ за медитацијата и внатрешниот мир

На семинарот „Љубов и мир“ посветен на медитацијата и јогата, присуствуваше и најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ кој одржа краток говор за тоа колку него лично му помага медитативниот процес.

Пепе Имаз е познат шпански тениски тренер на чија покана Новак дошол во Марбеља каде пред преполна сала зборуваше и медитираше со присутните.

„Задоволство ми е да бидам пред вас и да зборувам за љубовта и животот. Пред да дојдеме на бинава, групава одржа долга и длабока медитација - се молевме и баравме хармонија во нашите души и хармонија со вашите души. Сакавме овој момент да биде посебен за да сите се поврземе“, го почна Ноле говорот на шпански, а во продолжение од англиски на шпански преведуваше неговиот брат Марко.

„Кога дојдовме на бината и кога Пепе почна да зборува, ве замоли да ги затворите очите и да влезете во медитација. Таа медитација помогна нашата врска да биде посилна. Зошто медитацијата е толку важна? Затоа што не е важно со што се занимаваш, во суштина сите сме исти и сите мораме да влеземе во себе со цел од друга перспектива да се го согледаме сето она што се случуваво нас“, им се обрати Новак Ѓоковиќ на присутните.

„Кога влегуваме внатре, го гасиме светлото за надворешниот живот и се обидуваме да го смириме својот ум и енергија. Зошто го правиме тоа? Затоа што на крајот од краиштата сите бараме љубов, среќа и хармонија. За да ги најдеме, мора да воспоставиме врска со боженствената светлост“.

За подобро да го долови тоа што го зборуваше, Новак даде и еден пример.

„Замислете илустрација на тоа што се случува во вашите мисли, тоа е како гужва во сообраќај, а вашите мисли и емоции се коли на улица. Во повеќето случаеви во животот дел сте од гужвата и многу пати сте фрустрирани - многу луѓе, многу коли, некаде доцните и секогаш има причина да станете нервозни. Но што ако за секунда, наместо да бидете во гужвата, бидете надвор од неа на еден рид и само набљудувате? Истиот процес се случува и во вашата глава. Ако затворите очи, се фокусирате на себе и на својата душа и бидете дисциплинирани на тој процес, тоа ќе ви овозможи да бидете оној кој ја набљудува гужвата во сообраќајот“.

Пред крајот од својот говор, Новак додаде уште една илустративна медитација.

„Замислете дека вашиот ум е чисто небо, а вашите мисли се облаци. Тие постојано поминуваат, но не се вашиот ум - ако се поврзете веднаш со облаците, вашиот ум губи перцепрција на тоа чисто небо. Исто како со гужвата, ако веднаш се поврзеш со колите и се што се случува, не си во состојба да согледаш се од широка перспектива. А важно е да се гледаат работите од таква перспектива зашто тогаш можеш да ги бираш емоциите и мислите со кои сакаш да се поврзеш. Затоа медитацијата е толку важна“, констатираше најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Говорот на Новак почнува од 50. минута на снимката:

ж 

21 септември 2016 - 11:55