Ај одлучете се на што сте алергични

2017-та. Луѓе што имаат сериозни проблеми со глутен никако да бидат сфатени сериозно, заради една друга сорта на луѓе што алергијата на глутен (и други алергии на храна) ги сметаат за статусен симбол. Демек, алергијата на глутен одлично одговара со чокерот, скинатите фармерки и косата како виножито. Односно мода. Сфаќаме ли колку е тоа глупо? Они изгледа не.

Не се Инстаграм stories толку глупи, колку што вие не знаете да ги искористите

Македонците многу се лутат на stories алатката на Инстаграм, што е од скоро и на Фејсбук. Дури и по свет почнаа твитови и постови како „отварам фрижидер, глеам stories“, ама зошто тој бунт? Питер Мекинон и другар му што им има влезено длабоко во штос на Инста-приказните ќе ви објаснат како да не бидете мргуди и да почнете да се забављате со нив.

Треба да збориме за ташната на Кејт Бланшет во „Blue Jasmine“

Биркин-от што го носи Бланшет во филмот, чини повеќе од целата костимографија.

100 години фустани за деверуши

Пред деверушите да влезат во една од најскапите индустрии на денешницата, биле само едно практично решение. Во антички Рим, не било на пример срамота да облечеш бело (божем не ја почитуваш невестата). Напротив, деверушите ги облекувале исто како неа, рачунајќи дека ако дојдат зли духови, ќе бидат толку глупи што нема да ја „земат“ невестата, туку некоја од другарките.

Како Марина Абрамовиќ го претвори барањето внимание во современа уметност

Џули Бурчил лани ја прочитала книгата на Марина Абрамовиќ и во еден осврт на ова самобендисано дело, на оваа самобендисана авторка, мирно, остро и прекрасно цинично ни се провикнува, „луѓе бе па, па царот е многу, многу гол“.

Во кој точно момент знаевте дека ќе се разведете?

Колку што разводот знае да биде грда работа, толку може да е излезен од рајот. Цитати од луѓе за еурека моментот на „сакам развод“.

Мајлс Дејвис и Жан Моро

Во декември 1957-ма, Мајлс Дејвис патува во Франција за да снима музика за филмот Ascenseur pour l’échafaud, со Жан Моро. Резултатот е следниот:

Вашата ќерка... Прави накит.

Потресна приказна за едно семејство погодено од трагедија. На преглед докторите откриваат дека ќерката на двајца обични луѓе има заглавено со состојба што можеби ќе ја прати цел живот. И не е изолирано само на тоа. Погодено ќе биде целото семејство - она веројатно никогаш нема веќе да купи поклон - туку ќе го прави. А опасноста постои и ако физички се отстрани проблемот - семејството може засекогаш да биде заглавено со нејзините автобиографски раскази.

Зошто публиката не се потресе околу Песочните змии на Игра на тронови

Кога еден измислен свет е густо населен од уникатни и специфични ликови, тешко можеш да ги натераш фановите да се закачат за сите поединечно. А ликови од Игра на тронови за кои што незаинтересираноста може да се сече со нож се Песочните змии, вонбрачните ќерки на Оберин Мартел од Дорн и баш една од нив објаснува зошто.

11 причини зошто МОРА да има сексуално образование

Ви текнува на Гламстик? За тие што не знаат, Гламстик беше форум за женски ствари, што врвот го достигна кога млади, неупатени девојчиња (и по некој глуп сељак) си делеа совети од кои што апсолутно очигледно беше дека со никој, ама баш со никој стручен не разговарале. И бисери - колку сакаш.

Луѓе што немаат поим од женска анатомија

Секој ден имаме по некој несреќен доказ дека е можно да живееш во 2017-та, при жив интернет, а да бидеш многу, многу неинформиран и глуп. Една девојка на reddit почнува еден муабет, што непријатно укажува на тоа дека дури и да си женско – можеш апсолутно врска да немаш како функционира женското тело.

Дали ги имаме најдобрите мат кармини на светот?

Океј, може ги немаме ние, затоа што допрва треба да се истражи дали Пат Мекграт испорачува до Македонија, ама многу е можно потрагата по совршениот мат кармин во било која боја што ви одговара да завршува тука.

Кога трендот престанува да биде тренд?

Како знаеме дека на одредено модно парче му поминува модата? Во 2017-та каде што сè проаѓа, тешко можеш да бидеш судија за тоа, без да бидеш арогантен и самобендисан. Има една книга што се вика „Јазикот на облеката“, од Алисон Лури, каде што за трендовите има една специфична категоризација. 

Врската меѓу патувањето и креативноста

Кога сме соочен со креативен блок, генералниот совет е да прошеташ, да повежбаш или да си легнеш малку. Заедничкото кај овие предлози: создавање дистанца и ментална пауза од задачата што е пред тебе. По таа логика, сериозно тргање на страна како на пример одење на одмор би било кафетинот на креативниот блок.

Како да снимиш добро видео

Не е совет од Инстаграм модел, туку од Питер Мекинон, јутјубер со над 840 000 следачи, чиишто клипови содржат бескрајно многу трикови за подобро снимање, без тоа да чини колку стан во Центар. Добро, освен инвестицијата во добра камера, другото се само финти.

Сега е лесно да бидеш глумец, ако ти се глуми на интернет

Ако си глумец во 2017-та, добрата вест е што никогаш не било полесно да најдеш работа. Имаш милион опции, само да не ти смета да бидеш славен на нешто што се вика go90. Или Crackle. Тоа се некакви платформи, што растат со молњевита брзина, додека екраните се повеќе се смалуваат. И кај е најбитно да влезеш деновиве? Нетфликс. Само треба да се помириш со некои работи.

Мајкл Корс го купува Џими Чу

Ве интересира колку чини да идеш до берза и да си набавиш компанија како Џими Чу? Само 1,2 милијарди долари.

1960-тите на Вог со гласот на Сара Џесика Паркер

Можеме до утре да се расправаме дали Сара Џесика Паркер ја бива, и дали нејзиниот лик во „Сексот и градот“ уништил или охрабрил цели генерации на жени, ама дека е одличен наратор - не можеме многу да се расправаме. Затоа и Вог ја вика да раскаже за 60-тите.

Маска за лице за мажи – не се секирајте, скриена е во пена за бричење

Козметичката индустрија со години успева да ги прелаже мажите дека не обрнуваат внимание на изгледот со најевтината можна финта – црни, тегет и мажествени амбалажи, називи на производи поврзани со мраз, дрво, океан и други глупости, ама никако да ги убеди дека е во ред да користат производи подалеку од стик, пена за бричење и шампон.

Зошто е Биркин ташната толку скапа?

Освен што името доаѓа од Џејн Биркин, една од најзначајните икони на стилот, па тоа ја качува цената за неколку илјадарки.

Амелија Ерхарт била прва славна личност со сопствена модна линија

Модните линии на славните често се предмет на шпекулација, затоа што на луѓето некако тешко им иде да замислат дека пример, Викторија Бекам се шета по пазари да бира материјали, или дека Канје Вест робува над Сингер машина со ноќи, обидувајќи се да стигне до замислениот дизајн. Како и да е, многу децении пред овие имиња, и ним слични (Џесика Симпсон, Сара Џесика Паркер, Џенифер Лопез), имаше една Амелија Ерхарт.

Учиме четки за маскара

Најскапата маскара на пазарот чини 589 долари, не баш толку затоа што формулата е совршена, колку што е затоа што амбалажата е украсена со Сваровски кристали. Дали ќе биде боље од вашата маскара од Голден Роуз? Не мора да значи, а и не е толку до цената, колку што е до четката. И затоа сега учиме четки.

Како стварно да се облекуваш како Парижанка

Добро, точно е дека овде пишував колку е безобразно да се користи „Парижанка“ во наслов, особено поради фактот што и најголемите онлајн женски магазини пола плати ги вадат само од вакви наслови, ама стварно бе, многу добро знаат да се облечат.