In Memoriam:

Мајлс Дејвис и Жан Моро

Во декември 1957-ма, Мајлс Дејвис патува во Франција за да снима музика за филмот Ascenseur pour l’échafaud, со Жан Моро. Резултатот е следниот:

Денес, на 89-годишна возраст почина една од најголемите диви на француската кинематографија.

Една од трите најбитни француски актерки на една генерација, заедно со Кетрин Денев и Брижит Бардо, Моро е баш таа со најголем авторитет на филмското платно.

Еден куп режисери ѝ ги должат нејзе своите (често инстант) успеси, а нејзиното сензуално присуство е секогаш поддржано со ненадминато точен тајминг и техника, и тоа до тој степен да секој голем режисер сака да работи со нејзе. Доволно е да се спомнат само Орсон Велс, Микеланџело Антониони и Луис Буњуел.

Веројатно е женскиот еквивалент на она што Велс го нарекуваше „кралски“ актер - некој што со самата појава е центар на внимание.

31 јули 2017 - 13:31