
На едно интервју за Харперс Базар, Бланшет и Вуди Ален весело се сеќаваат на проблемот и зошто морало да се позајми ташната од личниот плакар на костимографот.
„Ташната што ја носев на снимањето вреди повеќе од целиот буџет што го имаше костимографката,“ вели Бланшет, „а јас таму ја џиткав по тротоар цело време. Мислам дека ѝ се качуваше притисокот секогаш кога ташната ќе го допреше тротоарот.“
Костимографката Сузи Бензингер добила 35.000 долари за секој костим во Blue Jasmine, како една бројка што Ален ја сметал за ограничувачка. Но дури и да имала петцифрена сума за да купи Биркин за филмот, сепак ќе морала да земе од нејзините. „За тие ташни се чека со децении. Ќе ја добиеш во старечки дом,“ додава Бланшет. Знаеме, пишува тука.
Не е дека не можеле да ѝ го продолжат бар малку животот на Бензингер и наместо да ѝ ја фрлаат ташната по улица - да земат половна и оштетена, но добро.
Иначе, овде понавака кај нас, има станови за истите пари. Може се мали, ама па, ташната е уште помала.