Во кој точно момент знаевте дека ќе се разведете?

Колку што разводот знае да биде грда работа, толку може да е излезен од рајот. Цитати од луѓе за еурека моментот на „сакам развод“.

1. Сакам, како не сакам

„Имав сообраќајка. Изгубив работа. Бев во депресија за роднина што ми почина. Жена ми во тој момент решава дека многу сака еден саат што чини 999 долари. И кажувам дека не можам да си дозволам да трошам пари за таква работа во таа ситуација. Се затвара во купатило и плаче. Тогаш прв пат не изреагирав на таа тактика. Излегува неколку саати покасно и ме прашува директно дали сакам развод. Не ми ни падна на памет до тогаш. Но во тој момент знаев.“

2. Нема да бидеш татко

„Се вратив од седум месеци отсуство на жена трудна петти месец. Не сум некој математичар, ама јасно ми беше.“

3. Религиозни разлики

„Не беше религиозна кога се запознавме. 10 години подоцна ми кажа дека ќе одам во Пеколот затоа што верувам во диносауруси.“

4. Дебела сум? Да.

„Жена ми се здебели 80 кила во текот на десет години. Никогаш не искоментирав и секогаш ја поддржував во обидите да слабее.

Еден ден, пробував стар дрес што не ме собираше затоа што јас во тие десет години се здебелив 7 кила. И реков, „изгледа е време да си купам нов дрес.“

Нејзиниот одговор:

„Нема да фрламе пари на нов дрес. Ќе мора да ослабнеш.“

Готово.“

5. Бивање практичен

„Маж ми ме изневеруваше. Дознав и наместо одма да го откачам, реков, „ајде да пробаме да го решиме ова, ама ќе мораш да ја оставиш девојката.“

Он рече:

„А што ако на нас не ни успее?“

6. Мислиш?

„Најверојатно кога се вратив дома и видов дека мебелот, храната и жена ми ги нема. Уште еден показател беше празната сметка во банка.“

7. Ќе да е за развод работава

„Си дојдов од работа. Имаше порака на масата.

Ги оставила децата кај баба им и дедо им, им рекла дека оди во трговски центар и ја напуштила државата.“

8. „Сеа ќе видиш.“

„Се јавила во полиција и кажала дека се сомнева дека го злоставувам детето. Ме уапсија, истражуваа, се извинија и ме пуштија. Одличен начин да се привлече внимание.“

9. Стани, да разговараме.

„Кога почна да ме буди во сред ноќ, со вриштење и тепање.“

10. Другарите делат сè

„Се вратив порано дома од работа затоа што ме болеше глава. Го најдов во кревет со најдобрата другарка.

Чудното е што повеќе ме повреди она. И двајцата ги избркав.“

11. И сестрите делат сè

„Кога дојдов дома и го најдов мажот на нејзината сестра гол кај нас во кревет.“

12. Развод и диета

„Кога ме остави во Луизијана за да оди во Калифорнија и да запознае некој човек што го нашла на интернет. Морав на нашата 12-годишна ќерка да ѝ објаснувам дека мама нема да си дојде. Откако ми дојде полиција да поднесам извештај за исчезната личност сфатив дека не МОРАМ да ја примам назад. Се разбира, следните две недели беа за никаде, но сфатив дека можам да се ослободам од најголемиот проблем во мојот живот. И плус, ослабнав цели 160 кила на крај.“

13. Ти си крива

„Ми се затрча да ме бутне по скали додека го држеше бебето. До ден денес тврди дека немало да се случи тоа да не сум го налутела толку.“

14. Доволно љубов за сите

„Кога дојдов еден ден од тренинг порано од обично и ја најдов со двајца типови во кревет.“

15. Поклончиња

„Кога одеднаш имав кламидија иако знаев дека немам никаква полово-пренослива болест откако се прегледав. Не очекував дека нема мојот промискуитет од младоста да ми донесе болештина, туку дека ќе ми ја „поклони“ жената која се заколнав дека ќе ја сакам и чувам до крајот на животот.

Излезе дека немал кламидија типот со кој ме изневерувала, туку ПРЕТХОДНИОТ,  6 месеци пред последниов.“

16. Светиот дух

„Кога најдов писмо од клиника за абортус. Немавме секс повеќе од година дена.“

17. Што уште требало да се случи?

„На првата брачна ноќ коментирав каков е во кревет. Рече дека го бивало таа вечер за да престанам да го изневерувам. (прв проблем)

Си отиде од болница додека се пораѓав со нашата ќерка затоа што „многу сум цмиздрела“. Сум го потресувала. (втор проблем)

Си отиде од хотелот кога бевме на пат. Не се врати до 4 сабајлето. (трет проблем)

Се обидовме со брачен советник, но тој одби да престане да пие. Исто не затнуваше на секој состанок за тоа какво гомно сум и ме потсетуваше колку е он прекрасен.“

18. A whole new world

„Отиде во Тексас на одмор со човек што го запозна на World of Warcraft.“

19. Развод плс

„Го најдов (поточно, ме упатија) на профилот на жена ми на еден сајт за лични контакти, два месеци откако ѝ простив прељуба.“

20. „Е, де“

„Кога ѝ реков дека знам дека има афера со брат ми и се поднасмевна. Да, имаше и други моменти што се собраа, ама тоа беше врвот.“

21. „Да.“

„Се сомневав дека ме изневерува, па го следев. Отидов во куќата каде што беше и го видов надвор со едно мало дете. Се налутив и прашав (без да го мислам тоа), „Кој е тоа, да не е син ти?“ И рече, „да“.“

22. Среќно семејство

„Сопругот ме информираше дека ќе ја вселува девојката со која што има афера во нашата куќа. Не се разведуваше од мене. Беше убеден дека мирно ќе го прифатам тоа. Неговото семејство и пријателите ми кажаа дека бил шокиран што сум го оставила.“

31 јули 2017 - 15:04