Не се Инстаграм stories толку глупи, колку што вие не знаете да ги искористите

Македонците многу се лутат на stories алатката на Инстаграм, што е од скоро и на Фејсбук. Дури и по свет почнаа твитови и постови како „отварам фрижидер, глеам stories“, ама зошто тој бунт? Питер Мекинон и другар му што им има влезено длабоко во штос на Инста-приказните ќе ви објаснат како да не бидете мргуди и да почнете да се забављате со нив.

Освен што е одлична маркетинг финта, stories може да понуди бескрајни опции, ако стварно ви работи креативноста. 

Џеси е филмаџија и ова го гледа како мотивација своите способности да ги набие во 15-те секунди што се дозволени. Никој не ве спречува да користите филтри, едитори и апликации. Само треба да ви текне.

3 август 2017 - 14:37