Кога трендот престанува да биде тренд?

Како знаеме дека на одредено модно парче му поминува модата? Во 2017-та каде што сè проаѓа, тешко можеш да бидеш судија за тоа, без да бидеш арогантен и самобендисан. Има една книга што се вика „Јазикот на облеката“, од Алисон Лури, каде што за трендовите има една специфична категоризација. 

Напишана е во 1981-ва и освен што погрешно толкува одредени работи („Никој веќе не носи капи“ или „Тесни фармерки никогаш нема да успеат“), за трендовите вика вака:

- Десет години пред нејзиното време, облеката е непристојна.

- Пет години пред времето е бесрамна.

- Една година пред времето е храбра.

Па одиме понапред во времето:

- Една година подоцна е старомодна.

- Десет години подоцна е грозна.

- Дваесет години подоцна е смешна.

- Триесет години подоцна е занимлива.

Пеесет години подоцна е необична.

- После седумдесет години е шармантна.

- После сто е романтична.

- И после сто и пеесет години е - прекрасна.

Поентата е дека трендот се оценува во зависност од времето од кое што го гледаш. А човек ќе суди, поаѓајќи од својата култура, вредности, вкус, потекло и слично. Што значи, правило нема и носи што сакаш.

27 јули 2017 - 12:57